Достапни линкови

Војната што ги навести идните акции на Русија


Десет години од конфликтот меѓу Грузија и Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Десет години од конфликтот меѓу Грузија и Русија

Пред една деценија избувна војна меѓу Русија и Грузија во сепаратистичките региони Јужна Осетија и Абхазија, при што секоја страна ја обвинуваше другата за започнување на непријателствата. Кратката војна однесе стотина животи, а десетици илјади луѓе ги напуштија нивните домови.

Ноќта меѓу 7 и 8-ми август 2008 година грузиски ракети го погодија отцепениот регион на Јужна Осетија.

Тоа беше почеток на петдневната војна меѓу Русија и Грузија.

Од стартот на 90-тите години, Грузија одржуваше кршливо примирје со двата сепаратистички региона, Јужна Осетија и Абхазија, кои де факто се независни со руска воена поддршка.

Но, тензиите се зголемија во 2008 година, кога Грузија ја најави можноста за влез во НАТО.

Кога Русија испрати дополнителни сили во Абхазија, тогашниот грузиски претседател Михаил Саакашвили тоа го виде како потег за освојување на енклавата.

„Сметаме дека она што е направено преку законски мерки неодамна претставува анексија, а она што се прави сега, додека зборуваме, се агресивни дела“.

По неколкумесечни престрелки, ситуацијата се претвори во целосна војна.

Тбилиси тврдеше дека руските сили се преселиле во Јужна Осетија, пред да ги нападнат грузиските сили, со цел да го преземат регионот, но Москва ги обвини Грузијците дека први почнале да пукаат.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров тогаш рече:

„Има масовно гранатирање врз населени делови во Цхинвали, како и во други населби, вклучувајќи ги и оние надвор од зоната на конфликт“.

Цивилите почнаа да бегаат од борбите во Јужна Осетија – меѓу нив и многу етнички Грузијци.

До 10 август, грузиските сили се повлекоа од територијата, но се отвори друг фронт. Руски тенкови поминаа низ Абхазија, во обид да ја преземат клисурата Кодори, единствениот дел од провинцијата контролиран од Грузија.

Борбите се проширија надвор од границите на двата сепаратистички региона. Конфликтот - а особено рускиот упад во Грузија - предизвика аларм меѓу западните лидери.

Тогашниот американски претседател Џорџ Буш изјави:

„Акциите на Русија оваа недела предизвикаа сериозни прашања во врска со нејзините намери во Грузија и регионот. Овие акции значително ја нарушија позицијата на Русија во светот. И овие акции ги загрозуваат односите на Русите, руските односи со САД и Европа“.

На 12 август, рускиот претседател Дмитриј Медведев нареди прекин на непријателствата во согласност со мировниот план, посредуван од ЕУ.

Тоа не донесе итен прекин на борбите, ниту грабежите и беззаконието.

Но, една недела подоцна, руските трупи почнаа да го напуштаат Гори. Некои цивили почнаа да се враќаат дома.

Кратката војна имаше далекусежни последици.

Русија ги призна Јужна Осетија и Абхазија како независни држави - одлука што ја осудија западните водачи, а руските војници останаа во двата региона, кои Тбилиси ги смета за окупирани територии.

Борбите во кои загинаа стотици луѓе и десетици илјади беа раселени ја потврдија воената доминација на Русија во регионот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG