Достапни линкови

Длабоки разлики меѓу НАТО и Русија


Длабоки разлики меѓу НАТО и Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Длабоки разлики меѓу НАТО и Русија

Првиот официјален состанок со рускиот пратеник во НАТО по скоро две години ја истакна длабоката поделеност меѓу Исток и Запад околу украинската криза и иднината на европската безбедност. Ова вчера го оцени генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, додавајќи дека двете страни наскоро пак ќе се сретнат.

Состанокот на Советот НАТО, Русија кој е своевиден форум за нивна соработка траел 90 минути повеќе од предвиденото, а се разговарало за воените активности на Алијансата и на Русија.

„НАТО и Русија имаат длабокинесогласувања. Со овој собир тоа не се промени. Сојузниците во НАТО остануваат цврсто на ставот дека нема враќање на практичната соработка доколку Русија не почне да го почитува меѓународното право. Но, ние ќе ги задржиме отворени каналите на комуникација“, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО
Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО

Тој додаде дека во време на големи тензии е особено важно да се има дијалог за да се намали ризикот од воени инциденти.

Уште пред средбата Столтенберг оцени дека таа не значи почеток на нормализација на односите, додавајќи дека практичната соработка со Русија е суспендирана во 2014 година и оти НАТО спровел најголемо засилување на колективната одбрана од крајот на Студената војна.

НАТО и Русија имаат длабокинесогласувања. Со овој собир тоа не се промени. Сојузниците во НАТО остануваат цврсто на ставот дека нема враќање на практичната соработка доколку Русија не почне да го почитува меѓународното право. Но, ние ќе ги задржиме отворени каналите на комуникација.
Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО

Советот меѓу Алијансата и нејзиниот непријател од Студената војна всушност официјално не е суспендиран, но последен пат пред сегашниот се состана во јуни 2014 година. Прекинот следуваше по руската анексија на украинскиот полуостров Крим.

„За време на средбата беше потврдено дека ние не се согласуваме за одговорноста за кризата во и околу Украина. НАТО сојузниците упатија силна порака дека не се согласуваат кога Русија се обидува овој конфликт да го прикаже како граѓанска војна“, рече Столтенберг.

Тој сепак ја нагласи важноста за целосно и брзо спроведување на договорот од Минск, односно почитување на прекинот на огнот, повлекување на тешкото оружје и целосен пристап на меѓународните монитори за да ја надгледуваат ситуацијата на теренот.

Александар Грушко, амбасадор на Русија во НАТО
Александар Грушко, амбасадор на Русија во НАТО

​Столтенберг најави можна нова средба, но постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко изрази доза на скептицизам во врска со тоа:

„Ако ситуацијата се сврти кон позитивна агенда, тогаш зошто да не се одржи уште еден состанок. Проблемот е во тоа што во овој момент, ние немаме позитивна агенда“, рече Грушко.

На состанокот се разговарало и за блиските средби меѓу американските и руските сили на Балтичко Море. Американски воени официјални лица изјавија дека, на 12 април, два руски воени авиона извршиле „агресивни“ прелети во близина на еден американски ракетен брод во меѓународните води во близина на брегот на Русија.

Советот НАТО, Русија беше формиран во 2002 година. Освен сегашниот прекин, тој беше суспендиран и во 2008 година по краткиот воен конфликт меѓу Русија и Грузија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG