Достапни линкови

Со пари од странски фондови до подобра инфраструктура


Со пари од Европска унија, Светска банка и странски фондации и донатори општините реновираат патишта, отвораат депонии, ја подобруваат унфраструктурата.

За поголемите инфраструктурни проекти во тетовско и државните и локалните институции се потпираат претежно на средства од странските фондови. Парите се добиваат од Европската унија, Светската банка, донатори или установи кои даваат заеми.

Преку Светска банка имаме реконструкција на 12 патишта, некаде вкупно 150 километри и 14 милиони евра. Еден од тие патишта е Тетово - Попова Шапка“, изјави Зоран Китанов, директор на јавното претпријатие за државни патишта.

„Се работи за реновирање и стандардизирање на депонијата Русино. Од страна на УНДП и Швајцарската агенција за развој. Се работи за 3 милиони и 200 илјади долари“, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Сретен Коцевски од невладината организација Институт за развој на заедницата, смета дека дури и уште повеќе средства може да се привлекуваат од странските донатори со цел да се искористат за подобра инфраструктура и унапредување на квалитетот на животот во Тетово.

Зошто ние како држава не успеавме да ги зголемиме нашите апсорпциони капацитети за таа финансиска поддршка што се нуди за да може ние да ја искористиме. Ако зборуваме за ЕУ фондовите таму мора да има и кофинансирање и авансирање. А ние не успеавме да генерираме резервен фонд кој што може да биде како додаток на фондовите кои што ќе дојдат од Европска унија. И сега општините ако се со блокирани сметки како ќе може да го направат тоа нели“, рече тој.

Европската унија и средствата од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) се значаен и богат извор на финансирање на проекти. За ефикасноста, општините треба да имаат силен човечки потенцијал, потенцира Коцевски.

„Исто така се соочуваат со недостаток на човечки ресурси, луѓе кои ќе знаат да пишуваат апликации, знаат да ги спроведат и така натаму. За тоа не треба еден човек, тоа е навистина обемна работа, тука имаме повеќе фактори кои влијаат на тоа. Дали е мотивацијата на луѓето кои ќе бидат ангажирани, затоа што тие луѓе што знаат многу лесно може да си најде работа на друго место или да оди во некоја друга европска организација или институција каде ќе биде повеќе платен. Во основа е дали ние инвестираме за да ги привлечеме ЕУ фондовите и да уживаме во придобивките“, вели Коцевски.

За подобра инфраструктура во Тетово потребно е да е работи на пробивањето нови булевари и обиколница, замена на подземната водоводна мрежа, паркинг места, унапредување на животната средина и други проекти.

XS
SM
MD
LG