Достапни линкови

Ваши коментари: Митингот на ВМРО-ДПМНЕ и дивоградбите од Скопје 2014


Митинг пред Владата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на 2 јуни 2018
Митинг пред Владата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на 2 јуни 2018

Митингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и пораките што ги испрати лидерот Христијан Мицкоски се најкоментирани теми од нашите читатели. Тие го коментираат и интервјуто со претседателот на Асоцијацијата на архитекти, Мартин Пановски, во кое тој посочува дека Воинот на коњ и Порта Македонија се дивоградби, кои или треба да бидат отстранети или легализирани.

Тоа што РСЕ ја објави, како што впрочем објавува информации за сè што се случува дома и во светот, реакцијата на СДСМ дека барањето предвремени избори од страна на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски на протестниот митинг пред Владата, е блеф, за Зоран Зоко Тодосиев сме „СДС радио, т.е. пропаганда“, а Тони Стојанов порачува дека досега никогаш не победиле на избори, дека „можете да дојдете на власт на нечесен начин како што сте сега, народот ве нејќе и ќе мора да заминете во историјата како предавниците на Македонија“. Кеко Каки Кеко ја прашува опозициската партија: „Бевте 11 години на власт, зарем мора само вие да бидете? Што е е сега, незгодно во опозиција ли е? Е, чекајте малку, трпете и вие, видовме патриотите што направија кога беа на власт, сите бомби што ги слушнавме. Зарем уште толку криминал треба да направат?“

Мицкоски: Нема да поддржиме промена на Уставот со цел промена на уставното име
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Нашево Радио вршеше директен пренос од протестниот митинг, а посетителите на нашата ФБ страница истуриле коментари, некои со поддршка, некои против неговиот говор. Николче Колевски вели: „Тешко на ВМРО со вакви. Зошто не кажува како ги фрли на улица 132 фамилии од РЕК Битола како директор на ЕЛЕМ?“ Џемаил Латифи, пак, смета дека Мицкоски е „само џокер на криминалците, да знаете дека вашиот воз е заминат, Македонија го фати тој воз а вие како партија го испуштивте“. Башким Азизи прашува: „Која будала оди на митинг и зошто да брани лопови што го искрале сопствениот народ“. Има и постови на поддршка во стилот „Напред ВМРО, паѓа влада, да му кажеме збогум на кодошот Заев!“, или „Браво! Имало и Македонци во Македонија“.

Во неделното интервју на РСЕ со Мартин Пановски, претседател на Асоцијацијата архитекти и член на комисијата за анализа на проектот Скопје 2014, тој вели дека повеќето споменици и објекти се дивоградби, а посетителите на нашата ФБ страница веднаш обвинуваат: „Талибанци во Македонија, како ќе познаеш дека се ЦИА инсталација кога ќе видиш дека рушат споменици“, а Македонка Здравковска порачува: „Земи нешто изгради, а не да рушиш, фатете се веќе за работа, а не само празна слама да мелите“. Дејан Донев ја смирува кавгата меѓу фановите на РСЕ: „Де малку покротко, да нема утре нови ВМРО врховисти, терористи итн. Доста ни е веќе, смирете се еднаш и не го збудалувајте народот“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG