Достапни линкови

Мицкоски побара предвремени избори со техничка влада


Мицкоски: Нема да поддржиме промена на Уставот со цел промена на уставното име
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Мицкоски: Нема да поддржиме промена на Уставот со цел промена на уставното име

Предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со претседателските на пролет побара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниов протест пред Владата. Пред насобраните тој ја критикуваше владата за лоша политика во сите области.

Со забелешка дека е претседател на партијата само пети и пол месеци и споменување на довербата што ја имале во него, но и како што рече обидите да се фрлат дамки врз него нарекувајќи го сенка на некого, новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го одржа својот прв митинг пред зградата на Владата.

Во дваесет минутниот говор вечерва тој најмногу зборуваше за лошите политики на власта во сите сфери. Не викам дека и порано немало исти или слични работи и дека не постојат работи за критика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа мора да престане, рече Мицкокси и побара предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со претседателските на пролет.

“Ајде да избереме претседател на ДИК на предлог од опозицијата. Ајде да формираме техничка влада на 100 дена пред предвремените парламентарни избори, впрочем исто како што беше во 2016 кога Зоран Заев и СДСМ ги загубија изборите и да видиме дали народот се согласува со ова што го прави Зоран Заев и СДСМ“, рече Мицкоски.

Патриотите се во затвор, а криминалците на слобода, кажа Мицкоски обвинувајќи ја власта и за притисок врз граѓаните.Пред насобраните ги спомена и жешките теми како законот за јазиците и проблемот за името.

На Албанците, исто како и на Македонците им требаат нови работни места, а не неуставен закон за јазици, рече тој. За проблемот за името го повтори познатиот став на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да дозволат промена на Уставот со цел промена на уставното име.

“Излегуваше Зоран Заев и кажуваше дека нема да има промена на Уставот, дека ќе го заштителе идентитетот, дека имал некоја жица од гитарата Македонија се викала. Како поминува времето гледам дека не само ќе ја искине жицата, туку и гитарата сака да ја испогани и искрши на парчиња”,рече Мицкоски.

Пред Мицкоски на протетесниот митинг кој се одржа под мотото “Македонија ќе победи”, зборуваа претставници на пензионерите и на земјоделците, а беа пуштени и пораки со поддршка за партијата од премиерот на Унгарија Виктор Орбан и претседателот на Европската народна партија Жозеф Дол.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG