Финално решение на спорот меѓу Македонија и Грција во овој кус период не е можно, велат експертите, кои сепак, не исклучуваат изненадувањa во пресрет на самиот на ЕУ за Западен Балкан на 17 мај. Според нив, по долги години стоење во место на Македонија поради спорот за името, логично е да се очекува воспоставената динамика на разговори да продолжат до крајот на годината со цел дотогаш да се најде решение.
Проф Денко Малевски изјави дека не се надева на финално решение меѓу Македонија и Грција, но очекува фазно решавање на долгогодишниот спор кој останува пречка за европското и евротланското интегрирање на земјава
„Не верувам во чудо за неколку дена на средбата на 17 ти, освен ако не е подготвено фазно да се решава проблемот. Но со оглед дека евентуалниот договор треба да помине во парламентот во Грција и на референдум кај нас, мислам дека е нереално да се очекуваат кусите рокови кои си го зададоа двете политики. Тоа не треба да ги обесхрабри двете страни и да завршат во барање решение. Може да продолжи до крајот на годината да се видат добро двете страни и да се види дали не се пропушта некоја сериозна можност овој пат бидејќи таква можност навистина е создадена“ вели професорот Малевски
По за денеска најавената средба на министрите за надворешни работи на балканските земји и Вишеградската група е средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас, разговорите за името ќе продолжат утре на 12 мај. На новата средба во Атина, според неофициајлните информации, треба да им се приклучи и медијаторот за името Метју Нимиц. Според грчките медиуми, од епилогот од таа средба зависи дали ќе има средба на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас на 16-ти мај на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, што треба да биде оддржана во Софија.
Но, ако не и се даде нова шанса на Македонија за членство во НАТО до самитот на Алијансата во јули, постои ризик во наредната година да дојде до застој во преговорите за решавање на спорот зашто и во Грција и во Македонија тоа се изборни години. И Државниот министер за европски прашања во МНР на Германија Михаел Рот, кој престојуваше во официјална посета на Скопје, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Владата изјави дека прашањето за името треба да се реши во оваа година за да не продолжи статус кво ситуацијата. Според него, има воља и кај двете страни и може да се стигне до заеднички прифатлив компромис. Тој порача дека потребни се конструктивност, креативност и флексибилност.
Професорот Малевски вели дека добро е спорот да се реши до крајот на годината, дополнувајќи дека повторно има опасност извесно време Македонија да остане надвор од евроинтегаративните процеси
„Нови тешкотии ќе се појават, овие непредвидени ситуации кои произлегуваат од ривалитетот на големите сили со Русија, исто така, останува уште попроблематичен. Тоа значи дека губиме можност да добиеме осигурителна полиса каква што е онаа во НАТО, и да го потикнеме економскиот развој кој произлегува од интеграција во ЕУ“ вели професорот Малевски.
Ако се случи спорот Макаедонија и Грција да не биде решен до крајот на годината, според експертите, патот на Македонија кон европските и евро-атланските интеграции останува единствена алтернатива. Според професорот Никола Дујовски, тоа ќе доведе до продолжување на политиката на тапкање во место, но не и пораз на нашите европски и евротлански интеграции.
„Ништо страшно. ќе продолжме и натаму да го бараме решението зашто тоа нашите политичари им го должат на граѓаните. Никако не смееме да одиме настрана од патот на ЕУ интеграциите. Очекувам во 2019 да збориме за други прашања, зашто ќе има избори и во Грција и Македонија. Но, тоа ќе значи продложување на тапакање во место, додека другите соседи одат напред значи дека ние назадуваме, со тоа што Хрватска неколку години е членка на ЕУ, а ние немаме ни датум“ вели професорот Дујовски
Дујовски ,при тоа, ја истакна важноста на финансиските вложувања на ЕУ во новите земји членки, додавајќи дека со тоа многу работи се сменети во економиите на тие земји.
Според него, алтернатива за Македонија е да продложи да преговара со Грција за решавање на спорот.
Во овој период уставните измени и опсегот на употребата се двете главни прашања што се останати во решавањето спорот за името.