Достапни линкови

Бурнс – Не сме свесни за последиците од лажните вести


Бурнс – Не сме свесни за последиците од лажните вести
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:40 0:00

Бурнс – Не сме свесни за последиците од лажните вести

Мислам дека ќе ни требаат години да сфатиме кои се вистинските последици од лажните вести, вели Ерик Бурнс, медиумски и комуникациски стратег од САД, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Бурнс, според некои од експертите, луѓето треба да бидат повнимателни со начинот на којшто ги користат современите алатки на социјалните платформи, според други, пак, потребна е построга регулатива. Дали новиот закон за заштита на личните податоци кој го подготви Европската унија може да гарантира таква безбедност?

Не мислам дека ќе нè заштити, бидејќи мислам дека има премногу работи надвор. Мислам дека ќе помогне и дека мора да помогне. Не сум видел таква регулатива која може да се спротивстави на она што го прави технологијата, и не е само на Фејсбук, туку и на која било веб страница. Мислам дека тоа е проблем со којшто ќе се справуваме и живееме до крајот на нашите животи. Прашањето е до каде може да одиме? Не знам, не сум експерт. Не сакам некого да принудам да открие нешто. Вие сакате да се чувствувате сигурно. Ако сте на Фејсбук и разговараме, сакате да си разговарате или да се расправате без да имате чувство дека некој ве гледа што и кој сте и сака да манипулира со вас подоцна. Тоа е линијата кога технологијата станува извор на добро, а не само на лошото. Но дел од ова е да се потрудиме повеќе да ги едуцираме луѓето како да ги препознаат самите лажни вести, да ги едуцираме како се следат информациите за нив и што тие можат да направат во врска со тоа.

Лажните вести се еден од предизвиците на 21 век. Како да препознаеме која вест е лажна?

Тоа е многу комплицирано прашање. Кога работев во една организација за медиумски прашања во Соединетите Држави, чија цел беше да се справи со лажните информации од проблематичните медиуми како на пример Фокс њуз која долго време го прави тоа, и тогаш тоа го правиме на начин што ако имаше некоја приказна која е лажна на Фокс њуз и ако имавме доказ дека има лага во приказната, подготвувавме извештај во кој кажувавме дека има лага, докажувајќи зошто и кои се аргументите и тоа го објавувавме во другите медиуми. Но, сега имаме комплетно поразлична категорија. Сега се соочуваме со целосно констатирани наративи од типот „Папата Франциско го поддржува Доналд Трамп“ и тоа бара друго ниво на разбирање, едукација и ресурси за да бидете подготвен да го победите и тоа да се рашири ефективно.

Дали сме свесни какви последици може да предизвикаат лажните вести?

Не мислам дека сме свесни. Мислам дека секој што јас го знам во Западниот Балкан и САД чувствува потреба од објаснување за тоа што се случува во светот денеска, а го немавме пред три години. Мислам дека во однос на лажните вести може да повлечете директна линија, не се работи само за Доналд Трамп или Брегзитот, туку влијанието на лажните вести овозможија многу од овие работи да се случат и мислам дека ќе ни требаат години да сфатиме кои се вистинските последици од оваа појава. Во последните десеттина години гледав дека конзервативните медиуми кои се десно ориентирани отворено ја поддржуваат оваа нечесна пропаганда и постепено го подели американскиот електорат против себе и затоа во Америка е во моментот потензично во последните 100 години.

Работевте на повеќе политички кампањи, бевте близок соработник со влијателни американски политичари. Колку политичарите ги користат медиумите и современите алатки за остварување на своите лични и партиски интереси?

Мислам дека е различно во различни земји. Мнозинството луѓе, мнозинството политичари и избрани функционери со коишто сум работел во 25-годишната кариера, биле прекрасни луѓе заинтересирани за јавна служба, кои работат многу, никогаш не паузираат, тоа е тешка, многу тешка работа. Не велам дека не правеле грешки, тоа е дел од природата на човекот. Последните две години, пак, ги поминав на Балканот и тука има друг модел. А тоа е дека политичарите во минатото ја користеле својата функција да земаат повеќе за себе. И не зборувам за некој конкретно, туку мислам дека тоа е проблем насекаде низ регионот.

Целото интервју со Ерик Бурнс, медиумски и комуникациски стратег од САД, може да го погледнете на видео снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG