Достапни линкови

Фејсбук во „вооружена трка“ со хакери спонзорирани од Русија


Закерберг: Фејсбук во трка со руски хакери
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:02 0:00

Закерберг: Фејсбук во трка со руски хакери

Шефот на Фејбук Марк Закерберг на сведочењето во Сенатот изјави дека компанијата е во своевидна „вооружена трка“ против групи спонзорирани од Русија кои се обидуваат да ја искористат оваа социјална мрежа за манипулирање избори и за влијание врз јавното мислење. Сослушувањето му го зголеми профитот на Фејсбук.

Тоа требаше да биде голем судир помеѓу Силиконската долина и Капитол Хил, но многу очекуваното сослушување на извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг не се претвори во конгресна тепачка, и покрај отворените предупредувања од републиканците и демократите.

33 годишниот интернет-магнат го повтори извинувањето поради големиот број проблеми со кои се соочува Фејсбук, од приватноста на податоците до странските обиди за влијание врз изборите во САД.

„Ние не дадовме доволно внимание на нашата одговорност и тоа беше голема грешка. И тоа беше моја грешка. Извинете. Јас го започнав Фејсбук, го раководам и јас сум одговорен за тоа што се случува тука“.

Закерберг изјави дека во Русија имало луѓе чија работа била да ги експлоатираат системите, не само на Фејсбук.

Притоа тој оцени дека станува збор за вистинска трка во вооружување. Фејсбук планира да вработи над 20 илјади луѓе до крајот на годинава кои ќе бидат ангажирани врз отстранувањето на ваквите појави.

Тој негираше дека Фејсбук, кој месечно има повеќе од 2 милијарди корисници ширум светот, бил монопол.

Според него, најголмиот број од тие корисници се надвор од САД и затоа, како што рече, Американците треба да се гордеат.

На речиси петчасовното сослушување на кое се појави со темен костум и вратоврска, наместо неговата типична маица и фармерки тој изрази подготвеност да соработува со конгресмените во врска со натамошното законско регулирање на социјалните медиуми.

Сослушувањето на Закерберг се покажа дека беше добро за Фејсбук.

За тоа време акциите на социјалниот медиумски гигант го забележаа својот најголем еднодневен процентуален профит од април 2016 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG