Достапни линкови

Услуги во САД преку нарачки во Дебар и Охрид


Вработени во компанијата Слице Македонија.
Вработени во компанијата Слице Македонија.

Иселеникот од Дебар во САД, Илир Села, пред десет години ја регистрираше фирмата „Слице- Македонија“. Во Дебар се вработени околу 150 млади, а уште толку се има во кол центарот во Охрид. Тие нудат услуги за храна.

Компанијата „Слице“ со седиште во Њујорк, на дебарскиот иселеник во САД, Илир Села, преку своите платформи за поддршка на бизнисот во САД, а во еден дел и од Дебар и Охрид врши услуги за над 12 илјади ресторани и пицерии во Америка. Пред десет години иселеникот Села ја регистрираше фирмата „Слице- Македонија“ во Дебар каде што се вработени околу 150 млади, а уште толку се вработени и во кол центарот во Охрид.

„Станува збор за платформа која нуди услуги на храна преку соодветна технологија. Во Дебар и Охрид се вработени над 300 млади“, истакнува главниот менаџер за Македонија, Бутринт Села.

Според него, покрај големиот број на вработени во Соединетите Американски Држави и во своите бизнис платформи го зголемува бројот на вработените во Македонија, односно центрите во Дебар и Охрид.

„Според динамиката моментално секој месец имаме нови вработувања, бидејќи на американскиот пазар компанијата е мошне успешна. Поволен е и фактот што во Дебар младите во добар дел добро го зборуваат англискиот јазик. Ние исто така често организираме курсеви за изучување на англискиот јазик, се со цел и оние млади кои не го познаваат јазикот, да им се даде можност да се вработат во нашата компанија“, додава менаџерот во Дебар, Бутринт Села.

Раководството на компанијата која делува во Македонија, информираше дека во текот на оваа година се планира да се вработат уште 100 млади во центрите во Дебар и Охрид. Притоа се прават напори да се обезбеди нов простор за проширување на активноста за што подршка добиваат и од локалните власти. Во бизнис платформите на „Слице“ околу 100 отсто младите вработени се со високо образование. Дебарскиот иселеник Илир Села чие семејство во САД емигрираше во седумдесетите години, најавува нови инвестиции во Дебар и смета дека покрај успехот во бизнисот дава голем прилог и во намалувањето на невработеноста во родниот крај.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG