Достапни линкови

Мицкоски – ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата


ВМРО-ДПМНЕ најавува голем протест во мај
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:51 0:00

ВМРО-ДПМНЕ најавува голем протест во мај

За прашањето на името, односите со Русија и западните земји, како и барањето за амнестија, интерпелација на владата и внатрепартиските односи во ВМРО-ДПМНЕ, разговараме со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Мицкоски, ќе се вратите во Собранието?

Доколку ВМРО-ДПМНЕ се врати во Собранието, ќе се врати на голема врата. Доколку одлучи да се врати првиот момент што ќе го направи е ќе поднесе интерпелација за работењето на Владата, каде што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги образложат сите оние злоупотреби и грешки што оваа владејачко мнозинство во изминатите десет месеци и ги нанесе на нашата татковина, а ќе можеме да видиме како владејачкото мнозинство ќе одговори на тие прозивки.

Што е условот да се вратите?

Постојат два услови: политички и математички. Политичкиот услов, можам да кажам, очекувам многу брзо да биде надминат, да бидат исполнети нашите барања, коишто одат во паралелна насока заедно со преговорите во однос на реформските закони, кои се многу важни за иднината на оваа држава, бидејќи нас не интересира иднината и реформите во оваа држава.

Кој дел од политичкиот услов очекувате да биде исполнет?

Ние имаме сопствени барања и тој документ ќе биде многу брзо познат и презентиран пред очите на јавноста. Вториот услов е математички, којшто можеме да кажеме еве во најголема мерка е исполнет.

Најавувате нов политички документ со барања за да се вратите во Собрание?

Во изминатиот период течеа преговори меѓу двете партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, очекувам деновиве, многу скоро да биде разрешена енигмата околу тие политички барања коишто ги имаше ВМРО-ДПМНЕ. Паралелно со тие преговори, тече и преговорите околу реформските закони.

Целото интервју со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, може да го погледнете на видео снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG