Достапни линкови

Тие сме, што сме?


Дамјан Николовски, волонтер во Македонската платформа против сиромаштија
Дамјан Николовски, волонтер во Македонската платформа против сиромаштија

Општата невработеност, невработеноста кај младите, сиромаштијата претставуваат само одредени последици на „природните“ процеси во општеството, формулирано од интереси и вредности, кои можат да бидат променети со едно едноставно дејство, промени прво нешто во себеси, пишува Дамјан Николовски од Македонската платформа против сиромаштијата во младинската колумна на Радио Слободна Европа.

„Тие сме, што сме. На подобро или полошо“ . Фразата преформулирана на ниво на едно општество може да се каже дека општеството претставува тоа е што е. На подобро или полошо. Создадено од интереси и вредности, кои го формираат, го менуваат преку одредени процеси или пак самите интереси и вредности се менуваат врз основа на одредени процеси, како на пример процесот на влијателност, претставува слика на едно општество. Но врз основа на овие процеси, кои се јавуваат како причина, а со тоа што секоја причина си има своја последица, се создаваат последици, трендови односно гледано од социјалниот аспект негативни трендови.

Ние, младите, младите лица полни со ентузијазам, спремни да го „освоиме“ светот или барем да си го најдеме местото во него, работна сила што треба да се пласира на пазарот на трудот и почне да создава и придонесува за развојот, национално или интернационално. Во теоријата така звучи, но кога ќе се осврнеме во практичната реалност, младите лица, работоспособни, повеќе изгледаат како појава на негативен тренд, како само уште еден дел од крпеницата на социјални проблеми.

Невработеноста кај младите или младинската невработеност, изразена во бројки, глобално изнесува над 70 милиони млади лица кои се невработени или околу 13 проценти, додека во Република Македонија бројот на невработеноста кај младите е „грубо“ кажано двојно повеќе од општата невработеност.

Па се доведува до прашање дали природниот циклус на општеството е нарушен? Поточно, во ризик се наоѓа целосна генерација да биде надвор од пазарот на трудот и да не учествува во него. Бариерите од структурна и индивидуална природа на кои наидуваат уште на самиот почеток создава фрустрација и стрес кај младите, но исто така се соочуваат и со ризикот да бидат социјално исклучени. Сето тоа предизвикува една реакција на младите и како најдобар пример во нашето општество може да претставува напуштањето на државата и одливот на мозоци.

Со колумнава, преку одредено објаснување на невработеноста кај младите, сакам да имплицирам и индуктивно да прикажам, дали општеството ги има дефинирано вистинските вредности и кои се тие вистински вредности? Ако под дејство на влијание се создаваат вредностите, кои се база на едно општество и врз основа на кои се одвиваат самите природни процеси во него, дали невработеноста кај младите е природен процес во него? Велиме „Тие сме, што сме. На подобро или полошо“. Но, сепак, според прикажаното, постои само „полошо“. Општата невработеност, невработеноста кај младите, сиромаштијата претставуваат само одредени последици на „природните“ процеси во општеството, формулирано од интереси и вредности, кои можат да бидат променети со едно едноставно дејство, промени прво нешто во себеси.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG