Достапни линкови

Протест во Атина против името на Македонија


Протести во Атина
Протести во Атина

Во Атина денеска се одржа протест за да се изврши притисок грчката влада за да не се согласи зборот Македонија да биде дел од името на Република Македонија во рамките на преговороите со посредство на Обединетите Нации.

Од грчката полиција преку соопштение наведуваат дека на протестот во центарот на Атина присуствувале 140 илјади граѓани, а од цела Грција дошле со 283 автобуси. Оваа бројка е помала од најавите и повиците да се соберат милион граѓани на долго најавуваниот и подготвуван протест во Атина, јавува МИА.

„Солун кажа, на ред е Атина да извика: Македонија е една и грчка“, порачаа организаторите на протестот во видео повикот, објавен на социјалните мрежи.

Демонстрантите во Атина против попуштање за договор со Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Паролите што ги извикуваа се истите каи беа слушнати и на протестот во Солун, каде се порачуваше дека Македонија е грчка, додека пак според аналитичарите и новинарите во Грција, протестот, добивал и антивладин карактер.

„Ципрас и Каменос ја распродаваат Македонија“, пишува на плакатот што го носат неколку млади Грци, додека пак „Македонија е грчка“ е најчестиот слоган на плакатите на Грците.

Во центарот на Атина, меѓу граѓаните беа и поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, пратеници од опозициската Нова демократија, префектот на областа Централна Македонија, како и лидерот на партијата Сојуз на централисти.

На присутните им се обрати познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, митрополит од ГПЦ и претставници на организаторите.

Паралелно со протестот на плоштадот Синтагма, на оддалеченост од само 800 метри имаше контра протест на левичарски и анархистички здруженија.

Демонстрантите и покрај обидите на полицијата, се судрија во центарот на Атина за време на големиот протест на плоштадот Синтагма против користењето на името „Македонија“ од страна на нашата држава, јавуваат грчките медиуми.

Според извештаите, полицијата користела солзавец за да ги раздвои групите демонстранти.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG