Достапни линкови

Од љубов кон Достоевски до поддршка за Путин


Културолошки напад од Кремљ
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:03 0:00

Културолошки напад од Кремљ

Неколку признати аналитичари, две истражувачки мрежи и весникот Гардијан, повикувајќи се на документи од македонските тајни служби, тврдат дека Русија политички делува во Македонија и преку граѓанскиот сектор како дел од нејзината стратегија за оддалечување на Западен Балкан од ЕУ и НАТО

Во Македонија работат 30-ина здруженија со над 5.000 членови, кои официјално ја поддржуваат Русија во Македонија и убедуваат дека користа од врската на двете држави може да биде огромна, а блискоста на јазиците, религијата и корените можат да одиграат големо влијание во препознавањето на братски основи и во создавањето на животно важна врска за Македонија.

Иако тие негираат скриена руска политика зад нивната работа, Меѓународниот проект за известување за криминал и корупција, српската истражувачка мрежа КРИК и британскиот весник Гардијан, повикувајќи се на документи од македонските тајни служби, тврдат дека Русија со својата стратегија за т.н. мека моќ драстично го зголемила своето културолошко влијание во Македонија преку овој тип на здруженија. Тие тврдат и дека отворањето на тие македонско-руски пријателски организации, како и конкретно Рускиот културен центар во Скопје, биле под надзор на Руската амбасада во Македонија.

Професорот на Универзитетот во Грац,Д-р Флоријан Бибер, вели дека Русија овој начин на дејствување го применува и многу пошироко од Македонија.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:15 0:00
Директен линк

„Гледаме дека низ Европа Русија поддржува разни медиуми, групи, кои се тивко националистички, тивко ксенофобични и против политиката на естаблишментот. Ги има од Франција, преку централна Европа, до Балканот. Тие не се специфични само за Македонија и Балканот“, вели професорот Бибер во изјава за Радио Слободна Европа.

Експертите велат дека стратегијата на Кремљ е љубовта на дел од македонското население кон рускиот фолклор, литература и традиција да премине и во политичка љубов кон Русија.

„Ова што се случува во Македонија со тие бројни проруски здруженија, невладини организации и братски друштва под плаштот на панславизмот не е автохтон производ. Тоа е наметнат производ кој е извезен од руската стратегија за да се инфилтрира во т.н. доминантно православен свет и преку најсуптилната сфера која влијае на психата на луѓето и врз нив да врши суптилно влијание“, анализира докторот на политички науки Љупчо Ристовски од Инситутот ИНТЕГРА.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:47 0:00
Директен линк

Од Сојузот на македонско-руските здруженија за пријателство, кој ги обединува сите тие македонско-руски друштва, негираат скриена руска политика во нивната работа, а од Рускиот културен центар во Скопје, кој во извештаите објавени во весникот Гардијан директно е посочен како дел од меката моќ, велат дека работат според план и програма одобрена од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, и дека не коментираат ваков тип на тврдења.

„Наводите за политичко делување на македонско-руските друштва за пријателство во Македонија се целосно невистинити. Целта на друштвата е унапредување на уметноста, културата, спортот, фолклорот, граѓанскиот сектор, а не висока политика. Друштвата не се финансираат со туѓи пари и не се ничија алатка. Тие што го направиле истражувањето нека посочат барем еден пример зад кој се крие политика“, вели Јордан Ѓорчев, претседател на Сојузот кој ги обединува сите македонско-руски друштва за пријателство во Македонија.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:22 0:00
Директен линк

Според извештаите на двете истражувачки мрежи КРИК и ОЦЦПР, како и лондонски Гардијан, дел од македонско-руските друштва за пријателство соработуваат со скопското претставништво на руската државна организација за помош Росотрудничество, кое тука работи од 2016 година во состав на Руската амбасада во Македонија, а кое според истражувањето објавено во Гардијан, било вклучено во ширењето на руското политичко влијание во Македонија. Според весникот Вашингтон Пост, пак, Росотрудничество била истражувана и во САД, од страна на ФБИ, за обиди за регрутирање тајни извори во американски институции.

Соработката со македонско-руски организации во Македонија Росотрудничество Скопје ја потврдува и на својата веб страница, каде како една од главните дејности, им е наведено информативно обезбедување на надворешната и внатрешната политика на Русија, а отворено пишуваат и за т.н. руска „мека моќ“ во своето делување.

Овој начин на искористување на граѓански здруженија е честа пракса во политичката борба и во многу поразвиени држави. Според експертите, Македонија од евентуална политичка злоупотреба на граѓанскиот сектор може да се заштити со поставување на остра граница од каде почнува загрозувањето на државните и националните интереси.

Емил Златков

XS
SM
MD
LG