Достапни линкови

Никој не може сам, потребна е соработка во борбата против тероризмот


Регионална вежба „Странски терористички борци: Промовирање на превенција и отпор.“
Регионална вежба „Странски терористички борци: Промовирање на превенција и отпор.“

Заканата од зголемената радикализација и од странските борци е загриженост што ја делат сите земји од Западен Балкан, затоа за спречувањето на овие појави потребен е пристап на целото општество, се дел од заклучоците на отворањето на регионалната вежба против тероризмот во Скопје.

Ниту една земја не може сама да се бори против тероризмот кој е глобален проблем и за чие спречување е потребно искуство. Балканските земји во континуитет се изложени од заканите од тероризам, од заканите од групата на Исламската држава (ИД), како и од феноменот на странските терористички борци.

Ова се дел од изнесените заклучоци на отворањето на регионалната вежба „Странски терористички борци: Промовирање на превенција и отпор“, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадата на САД и Конзорциумот Партнерство за мир, во соработка со Канцеларијата на Националниот комитет за борба против насилниот екстремизам и борба против тероризмот.

Целта на вежбата е зајакнување и подобрување на пристапот во земјата во борбата против тероризмот и ширењето на насилниот екстремизам и радикализација што води кон тероризам, но и зголемување на регионалната соработка. На отворањето учествуваа владини претставници, невладини организации, експерти и верски заедници од земјата и од регионот.

Учесниците истакнаа дека клучни мерки за децентрализација на заштитата од тероризмот се зголемување на граничната безбедност, зајакнување на законите против тероризам, мерки за таргетирање поединци, мерки за спречување лица да станат терористи.

Премиерот Зоран Заев истакна дека радикализацијата и насилниот екстремизам кои водат кон тероризам, се врни безбедносни приоритети на Македонија која врши постојана надградба на институционалните безбедносни капацитети. Тој додаде ниту една држава не може сама да одговори на овие глобални закани.

„Оттаму ефикасната превенција и сузбивање на појавните облици на овие закани подразбира координирана акција, градење и учество во заедничката безбедносна стртатегија и акција со стратешките партнери на Република Македонија: САД, земјите на ЕУ, како и нашите соседи. Заканата од зголемената радикализација и од странските борци е загриженост што ја делиме сите земји од Западен Балкан, таа радикализација и се заканува и на регионалната стабилност со повремено поларизирање и поделби во регионот, најчесто на меѓуетнички и на верски план. Ова е причината зошто е потребна регионалната соработка на сите нивоа“, рече Заев.

Американскиот амбасадор Џес Бејли истакна дека Македонија е стратешки партенр на САД и дека 25 години земјите работат заедно во воспоставувањето на стабилна демократија. Тој рече дека Македонија ќе продолжи да биде силен партнер во борбата против тероризмот и во ширењето на насилниот тероризам.

„Ќе продолжиме да работиме заедно во споделување на информации и експертиза со цел да се бориме против тероритите и против целата идеологија. За спречувањето на ширењето на тероризмот и насилниот екстремизам е потребен целосен пристап на Владта, всушност потребен е пристап на целото општество. Не може само Министерството за внатрешни работи да брка лоши момци, потребна е институционална соработка меѓу министерствата и на цивилното општество, вклучително граѓанските организации и религиозните групи, медиумите и лидерите на заедниците“, рече Бејли.

Амбасадорката на ОБСЕ Нина Суомалаинен истакна дека сите земји членки на ОБСЕ се соочуваат со насилниот екстемизам и радикализацијата кои водат кон тероризам, односно дека сите треба да помогнат во соочувањето со овие предизвици. Таа доддаде дека прашањето е високо на агендата на организацијата.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG