Гласањето на референдумот во Каталонија, кој шпанските власти го прогласија за нелегален, заврши во 20 часот, а каталонските власти соопштија дека не може да кажат кога ќе бидат познати резултатите од изјаснувањето, на кое граѓаните на Каталонија одговараа дали сакаат нивниот регион да стане незвисна држава, уредена како република.
Гласачките кутии се однесени на непозната локација каде гласовите ќе се пребројуваат.
Најмалку 760 лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстарнтите во обидите на шпанските власти да го спречат одржувањето на референдумот за независнсот на Каталонија.
Шпанскиот премиер Мариано Рахој по гласањето изјави дека во Каталонија не се одржал никаков референдум.
Ада Колау, градоначалничката на Барселона, повеќе пати побара да се стави крај на полициското насилство врз граѓаните.
Претходно портпаролот на каталонската влада, Жорди Турул, рече дека во „шпанското државно насилство“ се повредени 337 лица, во обидите на полицијата да го спречи референдумот со попречување на нивниот пат кон некои избирачки места и употреба на гумени куршуми врз демонстрантите во Барселона.
Министерството за внатрешни работи објави дека девет национални полицајци и двајца цивилни службеници биле повредени во судирите.
Шпанската Влада побара да се прекине гласањето кое највисокиот судки орган, Уставниот суд, го прогласи за илегално.
Ниту еден од повредените не е во сериозна сотојба, изјавија официјалните претставници.
Портпаролот на каталонската влада рече дека 73 проценти од околу 6.000 гласачки места биле отворени, иако шпански владин претставник изјави дека повеќе од половина биле затворени. Во обид да се олесни гласањето, властите во Каталонија изјавија дека гласачите може да ги испечатат гласачките ливчиња дома и да ги вметнат на секое избирачко место кое не е затворено од полицијата.
Портпаролот на каталонскиот влада, Жорди Турул, ги повика луѓето да продолжат да гласаат „иако може да се видат слики што се чини дека се можни само во ерата на црно-белата телевизија„.
„Одбраната на демократијата секогаш ќе биде вредна“, тој рече.
Многу поддржувачи на референдум беа во училиштата, играа игри со своите деца и поставија вреќи за спиење, во обид да ги одржат локациите отворени до почетокот на гласањето. Претходно на подржувачите на референдумот им беше укажано дека мирно треба да одолеат на сите обиди на полицијата да го наруши гласањето.
Не натераа да направени да направиме нешто што не сакаме, изјави Енрик Мило, претставник на шпанската влада во Каталонија.
„Тоа е срамно, фарса. Тоа е прв пат во историјата дека правилата на играта се менуваат 45 минути пред почетокот на гласањето“, рече Мило.
Предложениот референдум ги зголеми тензиите во каталонскиот регион и во останатиот дел од Шпанија, откако каталонскиот претседател Карлес Пучдемон на 10 септември изјави дека „сè е подготвено“ за референдумот.
Пучдемон го вметна своето гласачко ливче во Корнела дел Тери во провинцијата Жирона, односно на друго место од тоа каде што првично требаше да гласа. Гласањето предизвика најголема уставна криза во земјата во последниве децении и предизвика загриженост од насилството, поради тестирањето на волјата меѓу Мадрид и Барселона.
Спротивно на централните власти, регионалната влада тајно создаде гласачки ливчиња, формираше избирачки списоци, организираше избирачки места и направи други потези за да се подготви за референдумот.
Пучдемон изјави дека владата може во рок од 48 часа да прогласи независност ако победи на гласањето за незвисност на Каталонија, но други официјални претставници оттогаш рекоа дека спротивставуавњето на референдумот од националната влада го поткопа гласањето.
Шпанскиот министер за надворешни работи, Алфонсо Дастис, вчера изјави дека референдумот е неуставен и дека референдумите станаа „инструмент за избор на диктатори“ и се во спротивност со “целите и идеалите“ на Европската унија.
„Она што тие го туркаат не е демократија. Тоа е исмејување на демократијата, пародија на демократијата“, изјави Дастис.
Околу 5,3 милиони луѓе имаат право да гласаат, но многумина што се противат на независноста, велат дека нема да учествуваат на референдумот.
Анкетите покажуваат дека околу 40 проценти од вкупно 7,5 милиони Каталонци ја поддржуваат независноста, иако мнозинството жители во регионот, сепак, сакаат референдумот да се спроведе.