Достапни линкови

Во Шпанија спречен втор напад по оној во Барселона


Шпанската полиција спречи втор напад по оној во Барселона
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Шпанската полиција спречи втор напад по оној во Барселона

Шпанската полиција соопшти дека спречила втор терористички напад откако 13 луѓе загинаа, а стотина други беа ранети кога комбе удри во пешаци во познатото туристичко шеталиште Ла Рамбла во Барселона. Одговорноста ја презеде екстремистичката организација Исламска држава.

Неколку часа по нападот во Барселона, полицијата соопшти дека убила петмина „терористи“ кои подготвувале сличен напад во летувалиштето Камбрилс, јужно од Барселона. Притоа биле ранети шестмина цивили и еден полицаец.

Полицијата соопшти и дека морало да бидат изведени контролирани експлозии, бидејќи убиените осомничени носеле елеци со експлозив. Полицијата соопшти дека заговорот во Камбрилс бил поврзан со нападот во Барселона.

Претходно, таму комбе со голема брзина удри во луѓе, а одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката група Исламска држава.

Шпанските власти соопштија дека жртвите биле од 18 главно европски земји. Еден од очевидците беше и 23-годишниот Франческо Анунциата:

„Во пет часот попладне бев на улицата позади Ла Рамбла. Слушнав гласен удар. Тоа беше комбето кое удри во луѓе. Се вратив. Никој не знаеше што се случува. Полицијата не знаеше дали е тоа напад“, вели тој.

Веднаш по нападот, полицијата уапси две лица, едното шпански државјанин, а другото од Мароко. Возачот на комбето успеал да избега.

Полицијата соопшти и дека овој напад бил поврзан со експлозијата во една куќа во Алканар кога едно лице загинало, а едно било рането кога правеле експлозивни направи.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој по нападот во Барселона изјави:

„Сакам да ја изразам солидарноста на цела Шпанија со Барселона која беше погодена од џихадистички тероризам, како и други градови во светот претходно“, рече тој.

Сочувство и поддршка во борбата против тероризмот веднаш по нападот дојдоа од голем број светски државници.

Во изминативе години во неколку терористички напади во Европа беа користени возила. Во нападите во Ница, Берлин, Лондон и Стокхолм загинаа повеќе од сто луѓе.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG