Достапни линкови

Вашингтон најави одговор на протерувањето американски дипломати од Русија


Путин протерува 755 американски дипломати од Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Путин протерува 755 американски дипломати од Русија

Американскиот Стејт департмент ја осуди одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за намалување на бројот на американскиот дипломатски персонал во Русија за 755 луѓе. Притоа е наведено дека Вашингтон ги разгледува можните одговори на ваквиот потег на Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе протера 755 американски дипломати и оти би можело да бидат воведени дополнителни мерки против Соединетите Држави како одговор на новите американски санкции против Русија.

Американскиот Стејт департмент ја осуди ваквата одлука и најави соодветен одговор.

Драматичното намалување што го обелодени Путин за време на неделното телевизиско интервју за Руската државна телевизија ги зголеми тензиите меѓу двете земји и доаѓа веднаш откако во Конгресот беа одобрени новите санции против Русија.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс во врска со ова изјави:

„Претседателот стави јасно до знаење дека руските дестабилизирачки активности, нејзината поддршка за непријателските режими и нејзините активности во Украина се неприфатливи. И претседателот јасно назначи дека многу наскоро ќе ги потпише санкциите од Конгресот на САД како зајакнување на тоа“, рече тој.

Потпретседателот Пенс е во Естонија на стартот на неговата четиридневна турнеја по Европа за време на која ги посети и Грузија и Црна Гора.

Тој изјави дека во Европа го испратил претседателот Доналд Трамп со „едноставна порака“, а тоа е дека „Америка на прво место не значи само Америка. Нашата порака во Естонија, Грузија и Црна Гора ќе биде иста, ние сме со вас“.

Новите американски санкции исто така доаѓаат и како одговор на руското мешање во минатогодишните претседателски избори во Соединетите Држави.

Објавата на Путин е дообјаснување на руската најава во петокот дека до први септември треба да биде намален бројот на американскиот дипломатски персонал во Русија.

Москва најави дека ќе затвори и два американски дипломатски имота во Русија.

Путин во неделата изјави дека се уште се надева оти ќе се смени ситуацијата меѓу двете земји, но додаде: се чини дека тоа нема да биде наскоро“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG