Достапни линкови

На Балканот му треба и политичка инфраструктура


Знамиња на земјите учеснички на Самитот ЕУ - Балкан во Трст.
Знамиња на земјите учеснички на Самитот ЕУ - Балкан во Трст.

Брисел му помага на Балканот да гради економска инфраструктура, но балканските земји треба да градат и политичка и преку решавање на проблемите на мирен начин да се приближат кон Унијата.

Брисел се обидува со економска инфраструктура да постигне интегрирање на Балканот, но сепак и земјите од регионот треба да помогнат во таа насока со градење политичка инфраструктура, прифаќајќи ги принципите на политичко поведение од Западна Европа, вели универзитетскиот професор Денко Малевски.

Според аналитичарите самиот во Солун, што се случи по самитот во Трст, покажува дека тоа што Брисел сака да го постигне не оди лесно.

Овие два самита, овие две средби што се случија едниот во Трст и другиот во Солун, како што проценува професор Малески, укажуваат на потребата од една паралелна акција како од Брисел, така и од балканските држави.

„Брисел е згрижен за стагнацијата на регионот, пред сè економската, и од таму овие предлози што доаѓаат сега за создавање на царинска унија, која би создала еден зееднички пазар, кој би бил релевантен за светската економија. Но втoрата работа е дека нa таа економска инфраструктура што треба да ја финансира Унијата, треба да следи една политичка инфраструктура, која треба да ја градат балканските држави, а имено прифаќајки ги оние принципи на политичко поведение од Западна Европа, доблужувајќи го така овој наш регион кон оваа зона на демократии, каде што проблемите се решаваат на мирен начин преку преговори, во заемна соработка и каде што војната станува незамислива“, вели професор Малески.

Деновиве грчкиот премиер, Алексис Ципрас, бугарскиот премиер Бојко Борисов и српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата во Солун излегоа со став дека само стабилна Македонија и суштински дијалог за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за спорот со името се предуслов за нивна целосна поддршка за евроатлантските перспективи на Македонија. Заедничкиот став околу Македонија го соопшти грчкиот премиер, на прес-конференцијата што ја одржа со Борисов и Вучиќ.

Љупчо Арсовски, искусен и долгогодишен дипломат на Македонија, вели дека оваа средба е несоодвена и дека за тоа меѓудругото зборува тоа што претседател се среќава со премиер, а дека Борисов присуствувал колку да се покаже дека се работи за трилатерална средба.

„Ова со т.н трилатерала во Солун на еден ден по Трст мислам дека е несоодветна и тоа и беше потребно само на грчката страна, зашто владата на Ципрас се наоѓа во тешка криза, затоа што очигледно дека дел од партиите во опозицијата земаат сè повеќе и повеќе замав, така што е неизвесна иднината на владата на Ципрас. А ова што го спомнаа околу Македонците, како прашање, како што би го толкувале тие, тоа е само обид да се активира северниот дел на Грција, каде што се почувствителни во однос на националните прашања, каде што мислат дека ќе добијат и повеќе гласови дека се на браникот на татковината или тие се вистинските патриоти“, вели Арсовски.

Тој дополнува дека Брисел треба да процени дали таквите средби се во интерес на иднината и планот за отворање нова страница во соработката со соседите.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG