Достапни линкови

Договорот со Бугарија и 10-те пратенички групи на ВМРО ДПМНЕ - вие коментирате


Архивска фотографија-делегации од Македонија и Бугарија предводени од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов на средба во Софија.
Архивска фотографија-делегации од Македонија и Бугарија предводени од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов на средба во Софија.

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија и најавите дека е постигната основа за компромис, ребалансот на буџетот, како и формирањето на 10 пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предизвикале најголем интерес кај нашите читатели.

Два коментара се карактеристични од дваесетината постови на нашата ФБ страница по информацијата дека министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија викендот постигнале „основа за компромис“ за Договорот за пријателство меѓу двете држави за кој не може да се постигне договор веќе 11 години.

Наташа Ангеловска напишала: „Во Гинисовата книга да се запише – никој досега не си ја продал својата историја, само Заев и СДС. Да не сакаат АСНОМ да го славиме заедно?“

Александар Дичов со сосема спротивно гледиште: „Дојде време разумни и современи политичари да седнат и да потпишат тоа што нè спојува како народи, лудаци неписмени за кои времето не оди напред има, меѓутоа не може да страда цел народ поради нивните размислувања“.

И по изјавата на премиерот Заев, откако Владата го усвои предлогот за ребаланс на буџетот, дека ќе се скрати од трошоците на владиниот Кабинет за да се обезбедат пари за покачување на минималната плата, за стечајците и за субвенции за годишен одмор, има десетина различни постови во кои доминираат забелешките зошто Заев не ги исполнува ветувањата дадени во периодот кога го доби мандатот.

Аце Мергановски вели дека Заев излажал за евтина струја, за радиодифузната такса, за плата од 500 евра, а Александра Сандрица потсетува и на ветувањата за бесплатно здравство. Ванчо Коде им одговара: „Чекајте малку, човекот е еден месец на функција“, а Цеца Цец Нарцис напишала: „Доста критикувате! 11 години во која дупка бевте??“

Во врска, пак, со коментарите дека „прво ќе нè направи Бугари“, како што смета Мимоза Станковска, Снежана Павловиќ одговара: „Па Грујо нè направи Бугари, информирај се колку луѓе зеле бугарски пасоши за овие 11 години“. Радован Пешовски порачува: „Алооо... Грујо 11 години не ве оправи, сега сакате за еден месец да ви е сè ОК. Ај да бидеме малку реални ако се може...“

Формирањето 10 пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Мики Миле го коментирал: „Ова е намерно туркање на државава во дупка, и тие работеле во интерес на државата, нафта не пиеме...“ Ангел Димитров постирал: „Човек сешто прави да си ја спаси сопствената слобода... Доста психички го убивате сопствениот народ, оној кој ви беше најважен! Жална си Македонијо што те водеа такви бандити“.

Диме Димков и Љупчо Станковски се на иста линија: „СДСМ со месеци не доаѓаа во Собрание и тоа беше во ред“, постирал Димков, а Станковски вели: „Кога СДС блокира, тоа е демократија, а кога ВМРО блокира не било“.

За одолговлекувањето Собранието да ја стави на дневен ред точката за разрешување на обвинителот Зврлевски, исто така има голем број различни коментари, а еден од покарактеристичните е на Златко Андонов: „Хахаха, абе порано или подоцна ќе биде разрешен или сам да си ги спакува куферите“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG