Достапни линкови

Најмногу коментари за „инспекциите“ на Груевски


Груевски врши увид во градежни активности на патот Сончев град
Груевски врши увид во градежни активности на патот Сончев град

Фалби, но и остри критики во кои потписниците алудираат на големиот криминал направен од Груевски и неговите најблиски соработници, по зачестениот увид од негова страна на проекти започнати од владата која тој ја предводеше.

Изјавата на Груевски дека како претседател на партијата имал одговорност пред граѓаните и затоа ги посетувал објектите што ги почнала неговата влада, наидува на остри полемики и реакции на ФБ страницата на РСЕ.

Има фалби, како постовите на Тони Караколев и Никола Велески: првиот смета дека Груевски е човек што си ја сакал татковината и дека многу направил за неа и за народот, а вториот дека е човек од збор зашто, вели, „овие од сдсето менуваат одлуки како што се менуваат чорапите“.

Но, има и остри коментари во кои потписниците алудираат на големиот криминал направен од него и неговите најблиски соработници. Цобе Наумоски постирал: „Точно, човек од збор, кај му запна око таму краде!“ А Јелмаз Красниќи, на пример, на сликичката на Груевски во некој затвор напишал, како размислување на поранешниот премиер: „Види колку плацеви имало во Идризово!“.

Лазар Јордановски смета дека Груевски и кога „ќе се формира нова влада пак ќе собира овчички и ќе сече ленти за чешми, канализации и тн“. Сузе Циклева, пак, го кани во Свети Николе „да си ја види печуркарката во Овче Поле што почна да ја гради пред скоро четири години, да не ја заборавил...“ А Менде Ристевски извикува: „Се плаши да не им пропадне провизијата!“

Ослободувањето на Сеад Кочан од притвор продолжува да ги иритира нашите фанови. Рубин Ристески постирал: „МАФИЈАТА останува да си делува, не е лесно РАКОТ да се излечи“. Младен Марковиќ пишува:

„Е моја мила Македонијо! Народот да е свесен за ова да протестира не 80 туку 180 дена сè додека не се среди судството... Патриотизам не се мери со тоа што ќе ги штитиш арамиите!“

Дури и информацијата дека родители на деца со посебни потреби втор пат ќе кампуваат пред Собранието на Македонија за да ги потсетат политичарите на своите барања - институциите да изнајдат решение за децата и возрасните со посебни потреби не нашла на разбирање. Исполитизираните граѓани и тука вмешале политика, партии... Но, има еден пост од Миле Спасов кој напишал дека и тој е личност со посебни потреби, со инвалидска количка наместо фотографија на профилот, и само една реакција, од Беки Беки Велија: „Миле, жал ми е, во која држава живееме, со криминалци...“

Шатори пред Собрание за помош на децата со посебни потреби
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:45 0:00

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG