Меѓународни осуди на насилствата во Собранието
Амбасадорката на ОБСЕ во Македонија Нина Соумалаинен побара запирање на насилствата. Таа на Твитер напиша дека полицијата треба да ја осигура безбедноста на парламентот и на пратениците. Претседавачот на ОБСЕ, Австрија, исто така на Твитер ги осуди и повика на итно запирање на насилствата.
МВР пратиле специјалци по час и половина во Собранието
По час и половина откога граѓаните од протестот што го организира „За заедничка Македонија“ насилно влегоа во Собранието припадниците на специјалната единица на полицијата влегле во Собранието на Република Македонија и до 20:43 часот биле евакуирани 30 пратеници, соопштија вечерва од Министерство за внатрешни работи.
Претседателот Ѓорѓе Иванов ги повика лидерите на политичките партии утре да дојдат кај него на лидерска средба за да разговараат за мирно надминување на сегашната ситуација.
Шок бомби за растерување на демонстрантите пред Собранието
Полицијата со шок бомби се обидува да ги истера демонстрантите од Собранието, кои ја запоседнаа зградата по веста дека Талат Џафери е избран за собрансики спикер. Од МВР информираа дека до 20:43 часот биле евакуирани 30 пратеници.