Достапни линкови

Заев во крв, пратениците од СДСМ и други нападнати во Собранието
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:00 0:00

Заев во крв, пратениците од СДСМ и други нападнати во Собранието

Ескалација на политичката криза во Македонија

  • Претседателот на СДСМ Зоран Заев и неколкумина други пратеници се повредени, откако дел од демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“ и маскирани лица упаднаа во прес-салата на Собранието и ги нападнаа.
  • Во Парламентот и околу него и натаму има демонстранти.
  • Полицијата не интервенираше, а специјалци пристигнале во Парламентот по час и половина. Извлекла 30 пратеници.
  • Претходно, новото парламентарно мнозинство, предводено од СДСМ, го избра Талат Џафери за нов претседател на Парламентот.
  • Високи претставници на ЕУ, ОБСЕ и повеќето странски амбасадори во Македонија го осудија насилството во Собранието и побараа итно смирување на тензиите.

Повреден лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и други лица.

Тензично околу Парламентот во Скопје. Видно е и присуството на полицијата

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, пратениците Радмила Шекеринска и неколку други од СДСМ, пратеникот од Алијансата за Албанците Зијадин Села се повредени вечерва во Собранието.

До инцидентот дојде за време на пресконференција на Заев и пратеникот од ДУИ Талат Џафери кого претходно парламентарното мнозинство го избра за претседател на Собранието.

По завршувањето на прес конференцијата во салата упадна поголема група луѓе со фантомки кои почнаа да кршат и да тепаат. Новинарите и снимателите беа избркани од просторијата а доколку некој се обидуваше да снима му беа одземани и кршени микрофоните и камерите.

Група амбасадори вечерва повикаа на итен прекин на насилствата и смирување на тензиите. „Потребен е дијалог, а не насилства.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG