Достапни линкови

Заев во крв, пратениците од СДСМ и други нападнати во Собранието
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:00 0:00

Заев во крв, пратениците од СДСМ и други нападнати во Собранието

Ескалација на политичката криза во Македонија

  • Претседателот на СДСМ Зоран Заев и неколкумина други пратеници се повредени, откако дел од демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“ и маскирани лица упаднаа во прес-салата на Собранието и ги нападнаа.
  • Во Парламентот и околу него и натаму има демонстранти.
  • Полицијата не интервенираше, а специјалци пристигнале во Парламентот по час и половина. Извлекла 30 пратеници.
  • Претходно, новото парламентарно мнозинство, предводено од СДСМ, го избра Талат Џафери за нов претседател на Парламентот.
  • Високи претставници на ЕУ, ОБСЕ и повеќето странски амбасадори во Македонија го осудија насилството во Собранието и побараа итно смирување на тензиите.

Демонстранти се распоредија околу зградата на Собранието

Нападната новинарка на РСЕ, уништена и камерата

Новинарка на Радио Слободна Европа е нападната во Собранието, а уништена е и редакциската камера, со која новинарката си ја извршувал службената должност.

Вработен во државна институција и приврзаник на ВМРО-ДПМНЕ (добро познат на редакцијата) првин ја одзел камерата од новинарот на РСЕ, а потоа ја скршил.

Повеќе тука: http://www.slobodnaevropa.mk/a/28455827.html

Насилства во Собранието:

Опширно видео: http://www.slobodnaevropa.mk/a/28455876.html

Могерини: „Насилството во Собранието е неприфатливо“

Осуда за денешниот напад и порака дека насилството во Собранието е неприфатливо упатија шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и европскиот комерсар за проширување Јоханес Хан во заедничко соопштение. Могерини и Хан порачаа дека е неопходно смирување и воздржаност и побараа Министерството за внатрешни работи и полицијата да ја осигураат безбедноста на Парламентот и пратениците.

„Министерството за внатрешни работи и полицијата мора да ја осигураат безбедноста на Парламентот и неговите членови. Демократијата мора да истрае. Повеќе: http://www.slobodnaevropa.mk/a/28455890.html

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG