Нападната новинарка на РСЕ, уништена и камерата
Новинарка на Радио Слободна Европа е нападната во Собранието, а уништена е и редакциската камера, со која новинарката си ја извршувал службената должност.
Вработен во државна институција и приврзаник на ВМРО-ДПМНЕ (добро познат на редакцијата) првин ја одзел камерата од новинарот на РСЕ, а потоа ја скршил.
Повеќе тука: http://www.slobodnaevropa.mk/a/28455827.html
Демонстранти се распоредија околу зградата на Собранието
Груевски: Насилството не е решение
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку социјалната мрежа Фејсбук повика на присебност и смирување на страстите, по случувањата во Собранието.
„Насилството не е решение и потребно е смирување на страстите. Повикувам на присебност. Народот да не подлегнува на провокациите на СДС и оние кои сакаат да ја втурнат државата во уште подлабока криза и да го исполнат нивното сценарио. Потребно е смирување на страстите. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на овие антидржавни постапки на СДС преку правни и политички демократски средства“, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во постот на својот профил на Фејсбук.