Хан со осуда за насилствата во Парламентот
Еврокомесарот за проширување и европска соседска политика Јоханес Хан вечерва на Твитер напиша дека ги осудува случувањата во македонското Собрание.
- Најостро ги осудувам нападите врз членови на Парламентот во Скопје. Нема место за насилство во Парламентот. Демократијата мора да продолжи по својот тек, наведува Хан
Седумина повредени
Седум лица со повреди на главата и едно со повреда на колено се примени вечерва на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (Градска болница), изјави за МИА директорката на таа јавна здравствена установа Јасминка Чабуковска.
Таа рече дека од осуммината примени на Клиниката само едно лице кое имало потрес на мозокот е хоспитализирано, но е во добра општа состојба.
Заев во крв, нападнати пратеници од СДСМ и од други партии во Парламентот, од страна на маскирани лица и демонстранти.
Група амбасадори вечерва повикаа на итен прекин на насилствата и смирување на тензиите. „Потребен е дијалог, а не насилства.