Претседателот на СДСМ Зоран Заев, пратениците Радмила Шекеринска и неколку други од СДСМ, пратеникот од Алијансата за Албанците Зијадин Села се повредени вечерва во Собранието.
До инцидентот дојде за време на пресконференција на Заев и пратеникот од ДУИ Талат Џафери кого претходно парламентарното мнозинство го избра за претседател на Собранието.
По завршувањето на прес конференцијата во салата упадна поголема група луѓе со фантомки кои почнаа да кршат и да тепаат. Новинарите и снимателите беа избркани од просторијата а доколку некој се обидуваше да снима му беа одземани и кршени микрофоните и камерите.
Тензично околу Парламентот во Скопје. Видно е и присуството на полицијата
Повреден лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и други лица.