Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ како да биле 10 години опозиција


ВМРО-ДПМНЕ промовира Манифест за единствена Македонија
ВМРО-ДПМНЕ промовира Манифест за единствена Македонија

Во манифестот на ВМРО-ДПМНЕ, презентиран вчера, дел аналитичари препознаваат контрадикторности. Партијата што беше на власт десет години сега предлага решенија за области во кои назадуваме со години, додаваат тие.

Многу контрадикторности се препознаваат во „Манифестот за Единствена Република Македонија“ што го презентираше ВМРО-ДПМНЕ. Партијата како да не била на власт овие десет години во кои земјава бележи назадување во многу области, кои како цели ги промовираат сега, коментира политичкиот аналитичар Џељаљ Незири.

„Тоа е апсурдноста. ВМРО-ДПМНЕ се става во позиција на опозиција токму во времето кога тие биле на власт“, вели Незири.

Владеење на правото

Меѓу неколкуте точки кои што ги предлага партијата е владеењето на правото кое го сметаат за како што пишуваат основен предуслов за успех на државата и поединецот во неа. Тоа, пак, е постојано критикувано во извештаите на сите релевантни меѓународни институции и тоа со години. На пример лани Европската комисија напиша дека генералната оценка е оти демократијата и владеењето на правото се и понатаму заложници на узурпираните институции какви што се судските тела, регулаторните органи и медиумите.

ЕУ и НАТО

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ наведува и дека членството во ЕУ и НАТО е „наш интерес и обединувачка цел, каде природно припаѓаме“. Но подолу во истиот манифест прашува и дали се прифатливи странските агенди во внатрешно-политички цели што е нејасно на кој се однесува ако се земе предвид дека досега главно вклучени во решавањето на кризите беа амбасадорите на Европската унија и на Соединетите Американски Држави кои се стратегиски партнери на Македонија и се сметаат за еден од главните столбови на НАТО.

„ВМРО-ДПМНЕ е во ситуација која фигуративно ми личи како да јава на два коња кои се движат во спротивна насока во исто време. Според мене главната понуда на ВМРО-ДПМНЕ е договор со СДСМ кој подразбира формирање на широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во неа“, вели Незири.

Човекови права

ВМРО-ДПМНЕ во манифестот сега ветува и градење иднина базирана на почитување на човековите права. И оваа точка е една од критикуваните во извештаите на меѓународните институции, а Стејт департментот во своите извештаи наведуваше и примери за политички затвореници како новинарот Томислав Кежаровски, претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски или претседавачот со општина Центар Мирослав Шиповиќ.

Дијалог

За тоа дека името е највисоко прашање од национален интерес се согласуваат сите партии во Македонија, но досега ВМРО-ДПМНЕ воопшто и да ја информира опозицијата за тоа до каде се преговорите. Сега тие бараат воспоставување на редовен дијалог помеѓу секоја власт и опозиција за прашања од национален интерес. Дијалог беше слаба страна за речиси сите прашања, па многу често граѓаните беа принудени да протестираат за да бидат чуени.

Попис

Македонија и една од ретките земји во светот која петнаесет години нема спроведено попис. Тој беше прекинат откако во 2011 година пратеници од владејачкото мнозинство Законот за престанување на важење на за попис на што опозицијата се противеше. Сега ВМРО-ДПМНЕ предлага да се спроведе попис без одложување.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG