Достапни линкови

Ваши коментари за „Платформата“ и протестите


Деца цртаат македонски знамиња на настанот во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Градскиот парк во Скопје на 25 март 2017
Деца цртаат македонски знамиња на настанот во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Градскиот парк во Скопје на 25 март 2017

Тезите на поранешниот пратеник Насер Зибери дека албанската платформа им даде алиби за спас на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на претседателот Ѓорге Иванов и протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ се најкоментирани теми од нашите читатели.

Интервјуто за Радио Слободна Европа на македонски со поранешниот пратеник Насер Зибери, како и протестите наречени „За заедничка Македонија“ повторно ги вознемириле духовите на фановите на нашево радио и ги инспирирало за коментари и сопствени мислења на Фејсбук страницата. Проблемот е што нашиот народ никако да ги остави навредите по етничка линија и недоличниот јазик. Но, барем во нашиве прегледи нема да ги цитираме.

Зибери, покрај другото, кажува дека албанската Платформа им даде алиби за спас на Груевски и Иванов, а Софија Ачкоска коментира дека таа „ги извади од мртвите социјалдемократите кои станаа заложници на големата желба за власт и покривањето на сопствениот криминал“.

Љупчо Бујаровски смета дека неоткажувањето од неа покажувало оти се работело за конечна пресметка со македонското и дека било време Иванов да се сретне со Путин. Костадин Христов пишува дека на Груевски не му требало алиби затоа што победил на избори, а Садик Саити му реплицира: „Зошто тогаш не формира влада?“

Игор Димоски, пак, смета дека Заев избрзал и „тоа ќе го чини гласови“. „Требаше веднаш да оди на избори и ќе победеше, а вака Грујо го фати народот на лажен патриотизам“.

За хепенингот во Градскиот парк, во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“, на кој деца цртаа македонски знамиња, Неда Дими напишала: „Болни умови, малтретираат и злоупотребуваат деца“, а Стефани Ниче вели: „Душички мали, па ние цртаме во училиште знамиња, со сите ученици, од сите етникуми, сите го сакаат тоа знаме!“

Багери, зурли и тапани на протестите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

По појавувањето на багери и трактори на протестите „За заедничка Македонија“, Сања Михајловиќ препорачува на багерите „да ги закачат гаќите од 500 евра место знамињата зашто не се борат за интересите на граѓаните и државата, туку за лоповите што краделе да не одат во затвор“. Горан Ангеловски забележува: „Зимоска немаше кој снегот да го исчисти, а и поплава кога имаше кај бевте?“

Џезми Џезо го коментира нашиот преглед на пишувањето на неделниците, оној дел каде што Глобус пишува дека Груевски не излегува од премиерскиот костум: „Нека го носи уште некој ден, зашто ќе треба да носи пиџами, греота и скапите очила би му дозволиле да ги земе ама таму е мрачно и нема потреба“. И пак полемика и реплицирање околу тоа чие било Радио Слободна Европа, дали „комуњарско“ или „на Сорос“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG