Достапни линкови

ЕУ се менува, Македонија ќе има корист од тоа


Џејмс Петифер, професор oд британскиот универзитет во Оксфорд
Џејмс Петифер, професор oд британскиот универзитет во Оксфорд

Покрај Брегзит, ЕУ се менува, ќе продолжи да се менува и не знаеме што иднина ќе има во споредба со сегашната форма, сепак сметам дека ќе биде асоцијација од која ќе има бенефит за Македонија, вели професор Џејмс Петифер од британскиот универзитет во Оксфорд.

Во иднина ќе се смени начинот на приклучување кон Европската унија, па така и Македонија ќе стане дел од тој сојуз на држави, смета професорот Џејмс Петифер, од британскиот универзитет во Оксфорд. Промените во Унијата кои се случуваат сега и влијанието на Германија се причините за ваквите ставови на професорот, кој на Универзитетот на Југоисточна Европа пред студентите зборуваше на темата „Велика Британија и Југоисточна Европа после Брегзит“.

„Германија одлучува за тие работи најмногу сега, што е природно, со оглед дека е толку многу силна земја. Мислам дека германската влада сака да види нови форми на асоцијација што ќе водат кон членство. Тоа е сега проблем на Берлин, не за Лондон, треба да видите што ЕУ станува. Покрај Брегзит, ЕУ се менува, ќе продолжи да се менува и не знаеме што иднина ќе има во споредба со сегашната форма, сепак сметам дека ќе биде асоцијација од која ќе има бенефит за Македонија“, вели Петифер.

Тој додава дека сепак ЕУ има многу проблеми.

„Знаеме за Грција. Мислам дека можеби Грција најверојатно ќе треба го напушти еврото како валута, а на некој начин само преку еврото е она што Европската унија е сега. Тоа ќе биде многу важно за Македонија како соседска земја“, истакна Петифер кој рече дека на референдумот гласал за излез на Британија од ЕУ.

Напуштањето на Велика Британија на Унијата, според професорот нема да придонесе за нарушување на односите меѓу европските земји. Како поголем проблем ги оценува финансиската нестабилност на одредени членки, како Грција и Италија.

„Мислам дека е во интерес на ЕУ да имаат долгорочна врска со нас. Земјите како Германија имаат големи вложувања во индустријата во Британија. Нема да имаат предрасуди. Исто така сме голем маркет за германските добра. И мислам дека сакаат добра зделка околу тоа. Односот Британија и Германија ќе биде во основа како што било долго време, поради односите за безбедноста и НАТО. Индустриските теми се најважни“, смета Патифер, кој рече дека на референдумот гласал за излез на Британија од ЕУ.

Петифер , роден 1949 година, е историчар што специјализирал за Балканот. Предава на неколку универзитети во Оксфорд. Во 2012 година ја издал книгата под наслов „Ослободителната војска на Косово – од скриена војна, до востание на Балканот 1948-2001 посветена на отпорот на косовските Албанци и војувањето против Србите.

XS
SM
MD
LG