Црвено-жолта боја за Канцеларијата на Иванов
ЕУ да објави дека веднаш ги почнува преговорите со Македонија, НАТО да упати покана за членство, побараа од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Во нивна организација, граѓани четврти ден по ред протестираа, за како што велат, зачувување на унитарноста на земјата. Денеска закачија знамиња на Народната канцеларија на претседателот Иванов, а пред Собранието пуштија во воздух црвени жолти балони.