Достапни линкови

Зовриени страсти околу давањето мандат на Заев


Архивска фотграфија - Приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ на протест пред ДИК, додека лидерот на партијата држи говор.
Архивска фотграфија - Приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ на протест пред ДИК, додека лидерот на партијата држи говор.

Изливи на национализам присутни во коментарите на граѓаните за темите за употреба на албанскиот јазик и постот на Груевски, во кој тој се нуди како жртва за да се спаси државата.

Уффф, му доаѓа на човек да се издише откако ќе ги прочита постовите на Фејсбук на РСЕ во врска со обезбедените потписи на лидерот на СДСМ Заев за парламентарно мнозинство и, откако ќе го добие мандатот, за формирање Влада откако на Груевски тоа не му успеа. Издишувањето доаѓа од напливот на национализам и грди зборови на омраза за сограѓаните Албанци и сограѓаните Македонци, упорно едни против други.

Убаво напишал Најдовски Гоце, реплицирајќи ѝ на Христина Кики, која, како што вели, „... ние Македонците ќе го линчуваме, нема да дозволиме да ни се растури татковината, немаме друга и ќе си ја браниме од сите душмани“: „Госпоѓо, ве молам“, напишал Најдовски Гоце, „не се возбудувајте за 12-те илјади плата што ги земате, ајде ви се молам, каков патриотизам, кога сме први во мизерија и сиромаштија!“

И Шефи Амити одговара на извикувањето на Кики дека „ако не ви одговара повелете преку граница, а во наша држава ваши правила никогаш нема да бидат“:

„Христина, пола милион Македонци имаат бугарски пасоши и цела влада сосе Груевски, а ти кажуваш ние да одиме, епа не е така лесно тоа“.

Џезми Џезо одговара со прашање: „Зарем постои поголем душман од Грујо и бандата“, а Зуки Дервишоски напишал: „А ако е некој муслиман не може ли да биде Македонец? Доста веќе со вашиот гнев!“ Јана Јаневска прашува: „Дали Груевски мислеше на народот кога бараше провизија од Кинезите?“

Мергимтар Струган објавил факсимил од Службен весник од 4 август 2008 година, со што потсетува дека Законот за употреба на албанскиот јазик е изгласан во Собранието и потпишан од Никола Груевски.

Дубравка Цимбал го коментира постот на Груевски на неговиот фејсбук профил:

„Ти да сакаш да одговараш нема да бидеш против СЈО. Затоа лигавење и херојство не продавај, а да те апсат, епа ќе те апсат како ти што апсеше и исфрлаше новинари од Собрание... многу омраза посеја, а сега ти се одбива... што ќе посееш тоа ќе жнееш“.

Игор Миленкоски со психоанализа на Груевски: „Како глуми жртва и херој во исто време, како паметно го с’ска народот во војна...“ И Фанче Ѓоргиевска ги коментира зборовите на Груевски: „Плаче сега кога му гори под нозете, сакал да се жртвува, а кај беше досега 11 години? Ќе си лежи за криминалот и диктатурата!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG