Достапни линкови

Оставка на советникот на Трамп за национална безбедност


Советникот на Трамп за национална безбедност поднесе оставка
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Советникот на Трамп за национална безбедност поднесе оставка

Мајкл Флин, советникот на претседателот Доналд Трамп за национална безбедност, поднесе оставка откако се најде под критики за тоа дека разговарал за можноста за олабавување на американските санкции врз Русија, пред Трамп да ја преземе функцијата. На негово место е наименуван пензионираниот генрал Кит Келог.

Флин ја поднесе неговата оставка неколку часа откако Трамп преку неговиот портпарол соопшти дека ја разгледувал ситуацијата и оти за тоа разговара со потпретседателот Мајк Пенс.

Претходно, Флин му рекол на Пенс дека тој не разговарал за американските санкции со руски претставници.

Меѓутоа, транскриптите од пресретнати комуникации, објавени од американски официјални претставници, покажуваат дека таа тема се појавила во конверзациите меѓу Флин и рускиот амбасадор во Обединетите нации, Сергеј Кислиев.

Таквите контакти би можело потенцијално да претставуваат кршење на законот за забрана на приватни лица да се ангажираат во надворешната политика, познат како Логанов закон.

Заминувањето на Флин е најдраматичниот момент во досегашното претседателствување на Трамп.

„За жал поради брзото темпо на настани јас ненамерно го информирав избраниот потпретседател, како и другите со некомплетна информација во врска со моите телефоснки разговори со рускиот амбсадор. Искрено им се извинив на претседателот и потпретседателот и тие го прифатија моето извинување“, се наведува во оставката на Флин.

Неговата оставка доаѓа откако Министерството правда ја предупреди Белата куќа дека Флин би можело да биде ранлив на уцени за контактите со руските претставници пред Трамп да ја преземе функцијата.

Поранешниот генерал полковник Флин е силен поддржувач на Трамп и ги дели неговите интенции за протресување на естаблишментот во Вашингтон.

Според некои проценки објавени во американските медиуми, заминувањето на Флин би можело да ги зајакне позицииите на државниот секретар Рекс Тилерсон и секретарот за одбрана Џим Матис, но и на претседателскиот советник Стив Бенон.

За вршител на должноста советник за национална безбедност е наименуван пензионираниот генерал Кит Келог.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG