Достапни линкови

Македонија боледува од скриена корупција


Професорот Миодраг Лабовиќ од Факултетот за безбедност во Скопје на промоцијата на неговата книга „Системската копрупција и организираниот криминал“
Професорот Миодраг Лабовиќ од Факултетот за безбедност во Скопје на промоцијата на неговата книга „Системската копрупција и организираниот криминал“

Скриената системска корупција е особено карактеристична за Македонија, како и за поголемиот дел од земјите во транзиција. Таа е немерлива зашто не се предвидени закони кои можат да ја санкционираат. За да се контролира потребно е да се спроведе правото на повисоко ниво од сегашното без разлика кој е на власт. Ова го посочи професорот Миодраг Лабовиќ од Факултетот за безбедност во Скопје за време на промоцијата на неговата книга „Системската копрупција и организираниот криминал“ што деновиве се одржа на битолскиот универзитет.

За оваа книга професорот доби висока научна награда на светско ниво под покровителство на ООН. Него му беше доделена наградата во кралската палата Хофбург во Виена во конкуренција на научни трудови на професори од најреномирани светски универзитети.

„Повеќе од 15 години, корупцијата во сите нејзини типови и поттипови ја истражувам, особено она што значи неконвенционални типови на скриена, суптилна, перфидна корупација, во што отворам нови теоретски димензии. Скриената копрупција е особено карактеристична за Македонија, но и за 80 проценти од неразвиените земји во светот, оние во транзиција“,вели Лабовиќ.

Тој додава дека нашите закони не можат да го фатат овој облик на корупција.

„Немерливите облици на корупција кои и не се законски предвидени, не само што се од највисоките позиции на таа хиерархија во системот скриени и заштитени, тие и со законите не се предвидени. И да сакаат овие наши надлежни државни институции, не ќе можат да го санкционираат зашто не постојат кривични дела, ни прекршоци за овие најсуптилни типови, а тие се најмногу штетни,“ објаснува Лабовиќ.

Лабовиќ додава дека за да се изнајде решение треба да има пред се политичка волја и независност на државните институции.

„Решението, патентот за тоа е во системска вркрстена серија на тие оптимално независни клучни државни институции од она што значи извршна и законодавна власт, но и не апсолутно независни од еден поширок сет на контролни механизми кои на сосема нов и квалитетн начин треба да бидат конституирани од клучните преставници на социјалните сегменти. Самиот систем треба да го спроведе правото на едно многу повисоко ниво од кога било до сега, без оглед на тоа дали ќе има политичка волја или од тоа кој ќе биде на власт“, вели тој.

Професорот обајснува дека ни еден вид на корупција не може целосно да се искорени, туку неопходно е да се најдат решенија таа да биде ставена под социјална контрола.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG