Достапни линкови

Ваши коментари - „Ние можеме и без влада“


Архивска фотографија - Претседателот Ѓорге Иванов му го врачи мандатот за состав на влада на Република Македонија на Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Архивска фотографија - Претседателот Ѓорге Иванов му го врачи мандатот за состав на влада на Република Македонија на Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Неуспешната мисија да се формира влада во дадениот рок ги поттикнала читателите на РСЕ да дадат свои видувања зошто тоа се случи. Според некои излезот е во нови избори, па следуваат и закани, а некој духовито забележува дека и без влада се може.

ВМРО-ДПМНЕ не успеа да формира влада со ДУИ и бара нови избори. Ова е веста што ноќеска на полноќ ја прочита или слушна домашната јавност.

Боби Алексов на Фејсбук страницата на РСЕ по тој повод напишал:„Да, ама и да гласаш со затворениците како криминалец, а не како граѓанин“. Со слична содржина е и коментарот на Исо Цаноски: „Ќе гласаш во Шутка како некој од невините што ги ставивте вие таму“.

Ѓорги Конзулов е уште поексплицитен: „Нови избори ќе гласа врхушката во Идризово, Дедо Мраз беше овде 10 години и си замина пред малку, така што режимот е на нозе и полека, но сигурно паѓа“.

Измит Исо Зеќири смета дека нема избори што може да ги изгуби СДСМ. „Господин Зоран Заев ќе ја има нашата масовна поддршка и доверба и ако треба ќе ги жртвуваме и нашите партии и нема да гласаме за нив. А Гвујо ќе се опишмани со својот лажен патриотизам и ширењето на меѓуетничка омраза!!!“

Со свои коментари се јавиле и приврзаници или членови на ВМРО-ДПМНЕ, особено активен е Мате Додевски, кој редовно постира коментари. Неговиот пост со некојси Лаки Арамбаша, комита вооружен до заби, се повторува 7-8 пати на нашата Фејсбук страница со текст во кој се заканува дека ќе ги исчистел сите „кодоши што ја газат мојата мајка Македонија...“ И Перо Димитров се заканува дека штом Заев ќе дојде на власт ќе почнела војна: „Борба против таквите како Заев и сороспиите, мора да ја исчистиме државата од олоши“. Тони Богески го прашува Перо, и сите што пишуваат вакви гневни коментари: „Перо Димитров, дали знаеш колку Македонци треба да убиеш за да ја исчистиш Македонија, дали знаеш дека и децата нивни треба да ги убиеш. СРАМОТА ШТО ВАКА ПИШУВАТЕ!“

Во сета сериозност од заканите и омразата за ова или она, Боби Илиоски внесува и малку ироничен хумор: „Абе ние можеме и без влада, најдобро да си стаиме директор и место министри – комерцијалисти, и да си го бркаме бизнисот!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG