Достапни линкови

„Градиме мостови“ за заедништво на различните етнички заедници


Деца вклучени во мултиетничкиот проект во образованието „Градиме мостови“.
Деца вклучени во мултиетничкиот проект во образованието „Градиме мостови“.

Неколку училишта од западна Македонија се дел од мултиетничкиот проект во образованието „Градиме мостови“. Координаторите велат дека ваквите проекти се повеќе од потребни за заедништвото на наставниците и учениците од различните етнички заедници.

Мултиетничките проекти се многу потребни во западниот регион на Македонија. Оваа оценка ја изнесуваат учесниците на проектот „Градиме мостови“, што е поддржан од страна на Мисијата на ОБСЕ во нашава земја, а што се спроведе во основните училишта „Ристе Ристевски“ од село Долно Косоврасти, дебарко, каде наставата се спроведува на македонски јазик, основното училиште „Екерем Чабеј“, во село Слатино, Општина Теарце, каде наставата се спроведува на албански јазик и училиштето „Неџати Зекирија“ од Општина Центар Жупа, каде наставата се реализира на турски јазик . Овие проекти се многу битни за заедништвото на наставниците и учениците од различните етнички заедници, вели Фадрија Мустафоска, координаторка на проектот во училиштето во Долно Косоврасти.

Фадрија Мустафоска, координатор на мултиетнички проект во образованието во основното училиште „Ристе Ристевски“ во Долно Косоврасти.
Фадрија Мустафоска, координатор на мултиетнички проект во образованието во основното училиште „Ристе Ристевски“ во Долно Косоврасти.

„Шест месеци се реализираше овој проект, а децата се дружеа, се запознаваа и се стекнаа со многу пријателства, кои трајно ќе продолжат. Со овој проект запознавме разни култури, а контактите преку социјалните мрежи и телефони се редовно меѓу учениците и наставниците од трите училишта. Многу е добро што еве овој детски џагор е тука на местото каде е изграден и детскиот парк кој е дел од проектот“, вели Мустафовска.

Има потреба мултиетнички проекти да има почесто, бидејки тие се ефективни, оценува координаторот на проектот во деветолетката „Неџати Зекирија“ во Центар Жупа, Асим Асан.

Асим Асан, координатор на мултиетнички проект во образованието во основното училиште „Неџати Зекирија“ во Центар Жупа.
Асим Асан, координатор на мултиетнички проект во образованието во основното училиште „Неџати Зекирија“ во Центар Жупа.

„Вакви проекти треба да има почесто. Ние сме задоволни од овие активности и сме среќни што бевме партнер во овој проект со деветолетката „Ристе Ристевски“ од Долно Косоврасти, дебарско . Сметаме дека вакви проекти треба да има почесто, бидејки тоа е во интерес на сите нас, не само на ниво на Дебар, туку и на ниво на Македонија“, истакна Асан.

Во рамките на проектот „Градиме мостови“, се одржани бројни активности со учество на учениците и наставниците од трите училишта. Одржани се бројни заеднички програми, изложби, предавања на кои никнаа бројни пријателства.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG