Достапни линкови

Мандатите поделени, загадувањето продолжува - ваши коментари


Жителка на Теарце гласа на избирачкото место 2011, каде имаше прегласување.
Жителка на Теарце гласа на избирачкото место 2011, каде имаше прегласување.

Прегласувањето, делењето на мандатите и политичките пораки инспирирале многу коментари. Меѓу политиката, за коментари се избориле и темите за енормното загадување на воздухот.

Разбирливо, веста дека пратеничките места остануваат 51:49 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, иако на прегласувањето вчера во Теарце победи СДСМ, е на прво место за фановите на РСЕ на Фејсбук.

По неколку подбивни коментари со сликички како на пример: „Зајко туј ли е, лавове га тражив“ на Петар Симеонов и завршната шпица на Волтдизниевските цртани филмови но со Заев и партискиот амблем на неговата партија и со објавата „Тоа е сè народе“, на Мики Милески, Младен Марковиќ постирал: „Благодарам Теарце за две работи: 1. Нè спаси од поплава зашто кој ќе ги утешеше дпмнеовци да не плачат и 2. Нè спаси од селанска буна!“

Пораката на Антонијо Милошоски на прес-конференцијата пред некој ден дека „е крајно време СДСМ да ги прифати изборните резултати“ исто така испровоцирала повеќе ваши реакции, почитувани. Потпишан со Шарам Барам со иронија во својот коментар: „Слушате СДСМ? Крајно време е да ги прифатите изборните измами и нерегуларности и да ја признаете фејкираната победа на бандата ДПМНЕ која веќе е на таргет за изборни измами и криминал...“ Лаки Ламалари извикува: „М’рш таму, бре. Лопови и убијци на млади деца...“ Гоце Николов постирал: „Не порачувајте му ништо на тој Заев... Ако сте победници викнете си го Ахмети со екипата и формирајте влада... ама нешто друго ве пецка во грлото, па кобајаги Заев...“

Покрај изборите и препукувањата меѓу приврзаниците на едната или на другата партија, граѓаните ги погодува и енормната загаденост на воздухот во речиси сите градови во земјата. Кирил-Кико Пејовски напишал цел есеј на нашата Фејсбук страница:

„Кога го браневме плоштадот, некои организираа контрапротести, кога ги браневме дрвјата кај Бристол, некои се потсмеваа и преку ноќ ги сотреа со силна полициска асистенција, па дури и нè апсеа, кога ги браневме дрвјата на Илинденска, исто така ни се потсмеваа, кога ги браневме во Тафталиџе, на Водно, сè уште ни се потсмеваат... Битката ја изгубивме, ама барем сме со чиста совест, но како и ние, и тие се со полни гради прашина, смртоносна за многумина... Не велам дека воздухот немаше да биде пак загаден, ама во олкава мера сигурно не. Нека прочитаат тие кои ни се смееја и гледаа сеир, на интернет има податоци колку едно дрво го прочистува воздухот. Кај се лалињата на Коце кој нè убедуваше дека повеќе ја вршат функцијата на прочистување...“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG