Достапни линкови

Медиумската пропаганда вози „под рачна“


Микрофони поставени на прес конференција.
Микрофони поставени на прес конференција.

Во медиумите, пред сè националните телевизии има подобрување во однос на известувањето кое е побалансирано за разлика од минатото. Но, сепак, тоа не прави разлика во информирањето на граѓаните, сметаат упатените.

Благо подобрување се забележува во известувањето на медиумите по воспоставувањето на ад-хок телото, сметаат упатените. Тоа се должи пред сè, на притисокот од јавноста и меѓународната заедница, како и до промените кои што настапија во Агенцијата за медиуми, која сега е потранспарентна поради ад-хок телото, вели Жанета Трајкоска од Високата школа за новинарство и односи со јавност.

Но, според Трајковска, самото ад-хок тело не придонесло многу, туку заедно со сите независни тела кои вршат мониторинг резултирало Агенцијата да почне да го спроведува законот и да реагира кога има одредени нарушувања.

„Во однос на известувањето, посебно во делот на политичкиот плурализам имаме благо подобрување. Сега ни се случува еден друг феномен на техничко пренесување на вестите и на информациите без критичка опсервација и без начин на којшто може да се обработат вестите во интерес на јавноста, односно во интерес на граѓаните“, вели Трајкоска.

Мирче Адамчевски од Советот за етика истакнува дека има разлика кај телевизиите, што не е случај кај порталите и кај печатените медиуми.

„Тоа значи дека ад-хок телото до некаде успеало да ги натера медиумите да известуваат побалансирано, меѓутоа медиумите треба уште да работат на почитување на професионалните стандарди“, вели Адамчевски.

Ако до јуни провладините медиуми ширеле пропаганда од најлош вид, додава Трајкоска, сега се случува маркетинг, односно тие ги претставуваат проектите на Владата како проекти на партијата. Упорно се брише линијата меѓу партијата и државата, смета Трајкоска, и додава дека се уште има повеќе прилози за владејачката партија наспроти опозицијата.

„Морам да напоменам дека ваквата ситуација сепак, не може на толку краток рок да придонесе граѓанинот да ја добие информацијата на вистински начин за да може да донесе свој суд за време на изборите. За ваков тип промена треба многу повеќе време, посебно после 10 години упорно перење на мозоците на граѓаните. Затоа мислам дека ова подобрување нема да направи сериозна разлика“, вели Трајкоска.

И Адамчевски додава дека на медиумите се уште може да се забележи навивањето за одредена политичка опција и квалитетот на информирањето и натаму е далеку од професионален.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG