Рокот на Шарената револуција испишан пред Собрание
Демонстрантите од Шарената револуција на денешните протести пред зградата на Собранието го испишаа бројот осум, алудирајќи на деновите кои остануваат дза исполнување на нивните барања и рокот кој им го поставија на властите. Воедно целата улица сега е во знакот на Шарената револуција. Протестот беше посветен и на починатиот креатор на стрип јунакот Пецко, Дарко Марковиќ.