Достапни линкови

Светот во опасност од супер бактерија


Во САД откриена бактерија имуна на сите антибиотици
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

Во САД откриена бактерија имуна на сите антибиотици

Во Соединетите Држави бил регистриран прв случај на инфекција отпорна на сите познати антибиотици. Тоа предизвика сериозна загриженост дека супер бактеријата би можело да претставува голема опасност доколку почне да се шири во светот. На потег се големите фармацевтски компании.

„Ние ризикуваме да се најдеме во пост антибиотички свет“, изјави Томас Фриден, директор на американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Тој додаде дека инфекцијата на мочниот канал кај една 49 годишна жена во Пенсилванија не можела да биде ставена под контрола и со употреба на сите можни антибиотици.

Меѓу нив и антибиотикот колистин за кој се смета дека е „ноќен кошмар за сите бактерии“.

За прв пат бактерија отпорна на колистина била откриена во минатата година во Кина.

„Медицинскиот кабинет е празен за некои пациенти“, рече Фриден, изразувајќи сериозна загриженост и за рутинските инфекции, доколку оваа бактерија почне да се шири во светот.

Фармацевтските компании, според експертите, се наоѓаат пред итна трка да развијат нови антибиотици кои ќе бидат во можност да се справат со глобалната закана од таканаречената антимикробска отпорност.

Фармацевтските компании, според експертите, се наоѓаат пред итна трка да развијат нови антибиотици кои ќе бидат во можност да се справат со глобалната закана од таканаречената антимикробска отпорност.

Во најновото ситражување предводено од поранешниот главен економист на Голдман Сакс Џим О'Нил се наведува дека секој сектор погоден од растечката закана од инфекции на супер бактерии, од пациентите, докоторите, владите па до индустријата за лекови, мора да биде принуден да излезе од нивната таканаречена „удобна зона“ за успешно да се справат со овој проблем.

„Една од работите што ми стана очигледна е дека научните сознанија за ова прашање се многу силни. Па зошто ништо не се сменило? Одговорот е дека луѓето не сакаат да излезат од нивната удобна зона“, изјави тој во врска извештајот на кој неговиот тим работел 18 месеци.

Според него, главниот товар е врз фармацевтските компании и оти за нив би требало да биде применет системот „плати или играј“.

​Имено, оние компании кои ќе решат да не инвестираат во нови антибиотици ќе мора да платат за тоа.

Другите пак, би требало да бидат наградени од милијарда до милијарада ипол долари за секој успешен лек кој ќе се појави на пазарот.

Џим О Нил повтори дека отпорноста на лекови би можело годишно да убива по 10 милиони луѓе и оти трошоците доколку не се постигне решение би можеле до 2050 година да изнесуваат околу 100 билијарди долари.

„Она што се случува е тоа што бактериите стануваат се поотпорни на антибиотиците што ги имаме во моментов“, вели Дејвид Вилијамс директор на компанијата Дискува.

Инаку, во извештајот на О Нил се идентификуваат 10 области каде што треба да се преземат мерки.

Некои од нив се намалувањето на непотребното користење антибиотици и развивањето нови.

Но, од индустријата за лекови соопштија дека можниот своевиден данок ќе биде контра продуктивен за нив. Во изминативе децении во светот се појавија само неколку нови антибиотици, бидејќи фармацевтите се свртија кон „попрофитабилни болети“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG