Достапни линкови

Патот Крушево - Демир Хисар поправен само половина


Половината од вкупно 24 километри, од Демир Хисар кон Крушево е со закрпени ударни дупки, а на места има и нов асфалтен слој. Но, останатиот дел од оваа делница и натаму е во ужасна состојба.

Руиниран и натаму е патот Крушево – Демир Хисар, којшто според мислењето на сите крушевчани е значајна сообраќајна артерија и за развој на туризмот. Во мај минатата година, на големи ѕвона беше најавена рехабилитација на овој патен правец, и кусо потоа започнаа одредени активности. Па вториот дел од патот, поточно на половината од вкупно 24 километри, од Демир Хисар кон Крушево е со закрпени ударни дупки, а на места има и нов асфалтен слој. Но, останатиот дел од оваа делница и натаму е во ужасна состојба. Откорнат е асфалтот по целата должина, ударните дупки се уште поголеми, на места не може да се најде простор за да се помине патот, без да се намали нагло брзината. Во спротивно, може да се предизвикаат сериозни дефекти на возилото, што секако ги чини многу возачите.

И минатата година од страна на Јавното претпријатие беа обезбедени седум милиони денари, со кои средства не се успеа да се изврши комплетна рехабилитација на тој патен правец. Се изврши рехабилитација на дел и преостанатиот дел со годинешната програма ќе биде комплетно рехабилитиран.
Ѓорѓи Дамчевски, градоначалник на

Минатата година, на овој проблем, реагираше крушевската опозиција, ама годинава се чини тоа, никому не му пречи. Па, руинираната делница, која не само што не е во функција на развој, туку е срам за македонскиот туризам. Градоначалникот Ѓорѓи Дамчески и годинава најави дека, патот кон Демир Хисар ќе биде рехабилитиран.

„Од страна на Јавното претпријатие за патишта на Република Македонија, за годинава се обезбедени 10 милиони денари за рехабилитација на патниот правец, Сладуево-Крушево. Изведувач ќе биде Македонија пат и очекувам со почеток на градежната сезона, овој патен правец да се санира“, изјави градоначалникот Дамчески.

РСЕ: Зошто градоначалнику не е изграден овој пат, имаше најави уште минатата година?

„И минатата година од страна на Јавното претпријатие беа обезбедени седум милиони денари, со кои средства не се успеа да се изврши комплетна рехабилитација на тој патен правец. Се изврши рехабилитација на дел и преостанатиот дел со годинешната програма ќе биде комплетно рехабилитиран“, ветува Дамчески.

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски следен во чекор само од провладините медиуми, во својата агенда деновиве внесе локални патишта до прилепски села, каде оваа влада ниту во 10 години владеење, не ставила тампон, а не асфалт. Но, тој сепак не стигна до Крушево, барем за да изврши увид врз патот- клуч за развој на туризмот, стрес за возачите и срам за крушевчани.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG