Достапни линкови

Крушево сака туристи преку цела година


Угостителите велат дека туризмот е единствена гранка во која треба да вложува, па бараат од надлежните да им се даде што поголема културна и спортска понуда на туристите.

Крушево иако е туристички град, живее само во екот на зимската и летната сезона. Угостителите се жалат на лошата инфраструктура, но и на фактот што многу е мал бројот на настани што се случуваат во текот на годината. Сметаат дека туризмот е единствена гранка во која треба да вложува, па бараат од надлежните на туристите да им се понудишто поголема културна и спортска понуда, што би привлекла што повеќе посетители.

Се работи во викенди кога очекуваме поголем број посетители, единствено Крушево може да живее само од туризмот, што е на прво место.
Мики Цветкоски, угостител од Крушево.

„Угостителството во Крушево, моментално состојбата е меѓусезонска, очекуваме оваа сезона летна, сега што почнува, поголем број туристи. Се работи во викенди кога очекуваме поголем број посетители, единствено Крушево може да живее само од туризмот, што е на прво место“, вели Мики Цветкоски, угостител од Крушево.

„Гости доаѓаат од секаде, од Македонија, од ју просторите, од Европа. Инфраструктурата се надеваме дека ќе биде подобрена, искрено беше лоша, меѓутоа сега се работи на патот од Битола до Крушево, на патот во центарот на градот, така да мислам дека ќе има подобрување“, вели и Фане Чонеска, угостител од Крушево.

А, од локалната самоуправа потенцираат дека годинашната зимска сезона завршила со многу позитивни бенефити, а бројот на посетители е зголемен за 20 отсто во однос на лани. Од друга страна велат, дека со почеток на летото, започнува и богата културна понуда, којашто ќе значи настан во највисокото гратче на Балканот, речиси секој ден.

Во тек е интензивна изградба на инфраструктурата. За месец дена цела инфраструктура ќе биде изградена и може да се почне со изградба на викендичките, паралелно со тоа и викенд зоната кај езерото, каде што за жал се уште немаме изградено инфраструктура.
Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на Кришево.

„Оваа година ги имаме Крушево културно-културна зима, манифестацијата и во летниот период не очекуваат многу такви манифестации, гостувања на театарски претстави и стенд-ап комедии, на поп и рок изведувачи, на џез квартети, следи Етно градот, кога имаме богата културна програма во текот на пет дена, па „Десет дена Крушевска република“, вели Елена Илиеска, асистент на градочалникот.

А градоначалникот Ѓорѓи Дамчески, подвлекува и дека расте бројот на инвеститорите во Крушево. Физички лица, од разни страни на Македонија купуваат плацеви за викенд населби на две локации, „Кај крстот“ и „Кај езерото“, а во август ќе биде ставен камен темелник на нови три хотели, чиј инвеститор е бизнисмен од СКопје.

„Во тек е интензивна изградба на инфраструктурата. За месец дена цела инфраструктура ќе биде изградена и може да се почне со изградба на викендичките, паралелно со тоа и викенд зоната кај езерото, каде што за жал се уште немаме изградено инфраструктура, но веќе имаме интерес од инвеститор од Скопје, којшто има откупено и плацеви за изградба на три помали хотели и многу брзо ќе почне со изградба“, вели градоначалникот Ѓорѓи Дамчески.

Надежите на сите граѓани се свртени кон власта, очекуваат да бидат преземени мерки за континуиран развој наопштината со што ќе се спречи иселувањето и ќе се отвори нова страница на економски развој и нови вработувања.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG