Достапни линкови

Нема правда - нема мир, ама има боја


Нема правда - нема мир, ама има боја
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00

Шарената револуција вечерва ги обои Министерството за правда и Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на Скопје. Протестите што избија откако претседателот Иванов помилуваше политичари за кривични дела поврзани со актуелната политичка криза почнаа вообичаено во 18 часот пред просториите на Специјалното јавно обвинителство. Прва на удар на шарените бои се најде новата барокна фасада на Министерството за правда, а потоа и народната канцеларија на претседателот Иванов која е во непосредна близина. Демонстрантите потоа запалија фотографии на претседателот Иванов во знак на протест против притворањето на еден од најактивните демонстранти, Здравко Савески од политичката партија Левица. Протестите продолжија пред Собранието, а завршија мирно пред зградата на Македонската влада.

Категории

XS
SM
MD
LG