Достапни линкови

Урбан протест кој носи живот


Урбани луѓе, енергија, желба за слобода, тежнеење за нормално општество, бунт и креативност на улиците на Скопје.

Урбан протест кој ги урива бариерите на партиски и етнички протести. На протестот може да се забележат поддржувачи и членови на опозициски партии, студенти, членови и активисти на левичарски здруженија, невладини организации, но и луѓе кои до скоро важеа за поддржувачи на власта.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00
Директен линк

Граѓанскиот активист Замир Мехмети вели дека на овие протести има нови луѓе со што паѓаат во вода тезите дека на сите протести има едни те исти луѓе.

„Јас гледам многу луѓе кои никогаш немале врска со политика, тоа се пред се граѓани, урбани луѓе, градски деца. Тие ја носат таа потребана енергија на урбаност на протестите. Младите веќе не се палат на етничкиот концепт, туку повеќе ги интересира граѓанскиот концепт. Тоа е од непроценливо богатство, оти само со граѓански концепт, само со граѓанство над партијата и над партиските обележја мислам дека ќе успееме“, вели Мехмети.

Има повеќе фактори кои го сполотија народот, вели Замир Мехмети. Прво, според него, е катастрофалното владеење на Владата, второ сето она што луѓето го слушнаа преку „бомбите“ на опозицијата, а трето улогата што ја одигра граѓанскиот сектор во подигање на свеста кај луѓето.

„Тоа што најмногу ги сплотува луѓето дефинитивно, по мене, е тоа што во сите овие денови, ние не видовме, барем јас не видов ниту едно партиско знаме, значи луѓето имаат одбивност кон партија, но имаат поголема одбивност кон Владата и таа одбивност им се јавува само кога гледаат дека граѓанството е пред партијата. Ние на протестите гледаме партиски луѓе, но за првпат гледаме многу повеќе луѓе кои немаат врска со партија и тоа е тоа што ги охрабрува и другите луѓе да се приклучат на протестите“, вели Мехмети.

please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00
Директен линк

Игор Мицевски, учесник на протестот и истражувач во Институтот за комуникациски студии, вели дека она што го сведочиме на улиците низ Скопје е манифестација на слободното граѓанство во неговата суштина.

„Ова се слободни граѓани кои со својата совест и со својата искреност кон општествените прашања излегле на улица и решиле да го кажат јасно и гласно својот став, од друга страна обединетоста на слободните граѓани никогаш не била волку јасно демонстрирана.“

Пораките, транспарентите, говорите на протестите од една страна говорат за ослободување на силна креативна енергија, а од друга страна за канализирање на политичките барања, вели Мицевски.

„Транспарентите многу добро го карактеризираат тоа и сите симболи и сите говори до сега не беа во насока на уривање на нешто, туку во насока на градење на нешто, ние правиме основа за едно нормално општество, нормално општество коешто ни беше ускратено досега“, вели Мицевски.

Протестите се можност и за средби со роднините и пријателите до внатрешноста кои дошле на протест или на контра-протест, а тие пак ако успеат може да отидат до некоја продавница во ГТЦ набрзина да пазаруваат.

Сепак, и покрај тоа што голем дел од луѓето што излегуваат на протестите не се приврзаници на СДСМ, од она што може да се види на теренот, редарите се од најголемата опозициска партија. Тоа беше многу видиливо на синоќешниот протест, кога редарите, на чие чело на лице место стоеше поранешниот директор на УБК Миле Зечевиќ, ги спречуваше гневните демонстранти да се обидат да го пробијат полицискиот кордон кај Делегацијата на ЕУ. Дел од демонстрантите сметаат дека СДСМ го задушува протестот за во Виена да може да преговара со власта.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG