Достапни линкови

Апели за ненасилни протести


Приведени и повредени демонстранти, уништени владини објекти на протестите против помилувањата политичари. Опозицијата бара протестите да бидат мирни, власта обвинува дека насилствата ги организира опозицијата.

Вкупно 13 демонстранти се приведени, а еден новинар и еден фото-репортер се повредени во синоќешните протести што се случија во центарот на Скопје по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува сите политичари од власта и од опозицијата. Прстите на јавноста се вперени во претседателот Иванов. Лидерот на СДСМ Зоран Заев оцени дека борбата за регуларни фер и демократски избори е првиот чекор кон нормализација на државата и повика на ненасилни и мирни протести.

Испраќам порака кон сите наши граѓани, доколку гневот и револтот е голем кај нив, сепак да знаат дека ова е наша Македонија и ние мора да ја чуваме. Истовремено испраќам порака и до нашите полицајци да не се случува прекумерна употреба на сила, зашто тоа исто така се нашите граѓани.
Зоран Заев, СДСМ.

„Испраќам порака кон сите наши граѓани, доколку гневот и револтот е голем кај нив, сепак да знаат дека ова е наша Македонија и ние мора да ја чуваме. Истовремено испраќам порака и до нашите полицајци да не се случува прекумерна употреба на сила, зашто тоа исто така се нашите граѓани“, рече Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, рече дека нивната партија силно се оградува од одлуката на претседателот Иванов и оти таа не е во склад со нивните одлуки туку е во интерес на СДСМ.

„Тој кој направил криминал треба да одговара. Второ, никој во ВМРО-ДПМНЕ не се чувствува виновен, оттука никој од нас не посакуваше да има прекин на постапките за кои Иванов донесе одлука. И покрај очигледното непрофесионално однесување на структурите на СЈО и заземањето страна, директно ставајќи се на страна на СДСМ, ние сме убедени дека вистината ќе се покажеше низ правна постапка“, рече тој.

Груевски за немирите го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Груевски за немирите го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во врска со протестите, Груевски за немирите го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев, на кого директно му се обрати и му рече да престане да ги организира тие што им го реметат мирот на граѓаните.

Поголем дел од невладините активисти сметаат дека Иванов е виновник за загрозената свест на граѓаните и оти состојбата може да се смири само со итно повлекување на одлуката и негово поднесување оставка, како и составување на преодна влада која ќе ги спроведе потребните реформи пред одржување на кои било следни избори.

По вчерашните протести и приведувања, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет на Македонија ја предупреди власта да не се случи истото сценарио од 5 ти мај минатата година и оти во тој случај таа ќе се соочи со масовни протести пред сите полициски станици во Скопје и државата.

„Граѓаните го покажаа својот револт за сите прекршувања на правда и на човековите права. Граѓаните вчера покажаа дека оваа власт веќе не е легитимна и дека треба да си оди. Граѓаните покажаа дека последниот чин на Ѓорге Иванов, којшто нема да го наречам претседател, претставува грубо кршење на човековите права. Вчера полицијата приведуваше луѓе, а господинот Ѓорге Иванов амнестираше криминалци, луѓе кои ги злоупотребија своите службени овластувања, кои ги злоупотребија државните ресурси за исполнување на своите лични интереси. Отткука, протестите ќе продолжат, секој ден во 6“, вели таа.

Оценувајќи дека Меѓународната заедница не испратила доволно јасна и остра порака за тоа кој е виновникот за политичката криза во Македонија, осумдесетина невладини организации испратија писмо по третпат до амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, во кое бараат јасно да посочат дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја направиле политичка криза, укинувајќи го правниот систем. Со писмото, невладините се обидуваат да го спречат распишувањето на изборите што владејачката партија сака да го направи утре и затоа најавија нови протести пред Собранието.

Повредени и приведени демонстранти
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:35 0:00

По синоќешните протести, најмногу приведени има во полициската станица центар. Хелсиншкиот комитет оцени дека нема основ ниту за прекршочна, а уште помалку за кривична постапка за приведените демонстранти, бидејќи најголемиот дел од нив биле фатени, односно приведени при бегање, бидејќи не успеале да се повлечат на време кога се случило пресретнувањето помеѓу полицијата и демонстрантите.

Тим на народниот правобранител ги следи протестите и ги повикува припадниците на полициските единици со крајна внимателност и висок степен на професионалност да постапат при употребата на средствата за присилба.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG