Достапни линкови

Продлабочување на кризата во Македонија


Продлабочување на кризата во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Продлабочување на кризата во Македонија

Ова е оценката на странските новински агенции за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги запре сите кривични постапки против политичарите вовлечени во скандалот со прислушувањето кој предизвика политичка криза во земјата. Агенциите ја пренесуваат и осудата за овој потег од еврокомесарот Јоханес Хан.

Стотици луѓе излегоа на улиците во протест по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за прекин на сите правни постапки против политичарите, наведува агенцијата Франс прес, потсетувајќи дека оваа своја одлука Иванов ја образложил во телевизиско обраќање до нацијата.

Притоа агенцијата го цитира дека овој негов потег бил со цел „да стави крај на политичката криза која ќе заврши со демократски избори“.

Франс прес јавува и за протестите пред зградата на ВМРО ДПМНЕ во Скопје, партија која, како што се наведува, изразила „шокираност од одлуката на претседателот и големо несогласување со ваквиот негов потег“.

Лидерот на оваа партија Никола Груевски кој му е политички сојузник на претседателот Иванов е меѓу оние што се цел на кривичните постапки, заедно со лидерот на СДСМ Зоран Заев, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и екс шефот за разузнавање Сашо Мијалков, наведува Франс прес.

Одлуката на Иванов да ги прекине сите истраги за овој скандал, изгледа дека ќе ја продлабочи, наместо да ја олесни кризата.
Ројтерс

Германската новинска агенција ДПА наведува дека одлуката на претседателот Иванов да ги помилува сите политичари вмешани во масовна корупција и во скандалот со илегално прислушување бил изненадувачки потег кој ја шокирал опозицијата и предизвика протести во Скопје.

„Иако со помилувањето главно се чистат Груевски и неговите сојузници, ВМРО ДПМНЕ соопшти дека потегот на Иванов бил разочарувачки и оти била подготвена да ги разобличи лагите на опозицијата“, наведува ДПА, пренесувајќи ја и оценката на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан дека одлуката на Иванов не била во линија со неговото сфаќање на правото.

Новинската агенција Ројтерс јавува дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов ја поттикна опозицијата да побара негова оставка, бидејќи станува збор за „државен удар“.

„Македонија, сиромашна балканска земја од два милиона луѓе на првата линија на европската бегалска криза, е во метеж откако опозицијата во февруари лани ги обвини тогашниот премиер Никола Груевски и неговиот шеф на разузнавањето Сашо Мијалков за оркестрирање на прислушувањето на над 20 илјади луѓе“, наведува Ројтерс.

Оваа агенција оценува дека одлуката на Иванов да ги прекине сите истраги за овој скандал, изгледа дека ќе ја продлабочи, наместо да ја олесни кризата.

Агенцијата го пренесува и повикот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Ројтерс ја цитира и осудата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на одлуката на Иванов како спротивна на владеењето на правото, како и неговото сомневање за тоа дали планираните парламентарни избори ќе бидат кредибилни.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG