Достапни линкови

УБК го премолчела уништувањето на опремата


Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.
Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

УБК во годишниот извештај нема наведено дека е уништена опрема за прислушување во 2015. СЈО пред два дена информираше дека сомничи петорица, меѓу кои началникот на Петтата управа Горан Грујевски и ексминистерката Гордана Јанкулоска, дека во почетокот на 2015 година уништиле опрема за прислушување на УБК.

Управата за безбедност и контраразузнавање во годишниот извештај за работата во 2015-та не навела информација дека два системи за следење на комуникации биле уништени. Поради тоа пратениците на СДСМ во Комисијата за надзор на работата на УБК и Агенцијата за разузнавање предложија годишниот извештај за работата на УБК во 2015-та година да биде повлечен од дневниот ред и вратен на доработка во службите на Управата, но добија негативен одговор

Пратениците од ДУИ не присуствуваа на седницата, а Хари Локвенец од СДСМ изјави дека седницата на Kомисијата е доказ за начинот на функционирање на партијата на власт со надгласување по пат на силата на мнозинството.

„Уште еднаш се докажа дека начинот на функционирање на Комисијата зависи од добрата волја на партијата на власт и нејзините претставници во Комисијата. Навикнати да се молчи за работењето на службите доведоа до политичка криза со која се соочуваме во изминатите месеци. Навиките да не се прашува или ако веќе се прашува да не се добие одговор се погубни за општесвено -политичките состојби во државата“, рече претседателот на Комисијата Хари Локвенец.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) пред два дена информираше дека сомничи петорица, меѓу кои началникот на Петтата управа Горан Грујевски и ексминистерката Гордана Јанкулоска, дека во почетокот на 2015 година уништиле опрема за прислушување на УБК и оти дел од осомничените потоа фалсификувале документи за да прикажат дека системот за следење на комуникациите бил застарен.

Иако, опозицијата беше против, сепак ќе се расправа и за извештаите за работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ предложи дневниот ред да биде надополнет и со извештај во врска со, како што рече, настаните поврзани со опремата за расходување, но како посебна точка.

„Наш предлог е да добиеме извештаи за последните случувања поврзан со информацијата за опремата во УБК и случајот кој моментално се води од одредени институции во врска со тие податоци и опремата“, вели Милошоски.

Во врска со информацијата за безбедносни ризици,една од предложените точки беа и случувањата во Диво Насеље, но пратениците од ДПА не се согласија и побараа да не се поистоветуваат терористичките напади во Париз и Брисел со случувањата во Диво Насеље.

Ернат Фејзулаху од ДПА рече дека во моментов се води судски процес за Диво насеље, а ДУИ не се присутни на Комисијата за да објаснат што се случувало.

„Да се нарекуваат учесниците во Диво насеље терористи не е коректно“, рече Фејзулаху.

По паузите поради несогласувањата околу дневниот ред, Комисијата реши да расправа по информацијата за можните безбедносни ризици и закани од регионален и глобален аспект со импликации врз безбедноста на државава. Потребата од оваа информација се темели на последните случувања во Париз и Брисел и политичката состојба кај нас

„Постојат сознанија дека има одредени ризици поврзани со нашата држава и би било добро од најрелевантните луѓе да добиеме кратка информација за оваа тема“, рече Милошоски.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG