„Тврдина“ - уништување докази за незаконско прислушување
Случај поврзан со незаконското следење на комуникации под името „Тврдина“ започна денеска Специјалното јавно обвинителство. Началници во УБК, поранешен министер за внатрешни работи и други службеници незаконски уништиле опрема за прислушување набрзо по објавувањето на првата опозициска „бомба“.