Достапни линкови

Прекинато бдеењето на активистите пред МНТ


Демонстранти пред МНТ за спас на „државата“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

Демонстранти пред МНТ ќе бдејат за „државата“

Поради безбедносни причини претставниците на граѓанските организации го прекинуваа бдеењето пред зградата на МНТ. Тие велат дека имаат дојава оти многу автобуси со контрадемонстранти се тргнати за Скопје во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Повлечена е одлуката на групата активисти организирани од граѓанската платформа АЈДЕ кои најавија дека по масовниот протест симболично ќе бдеат пред Македонскиот народен театар во одбрана на Уставот. Причина се добиени сознанија дека владејачката партија собира контрадемонстранти од повеќе градови во државава.

„Сметаме дека од безбедносни причини најдобро е да се прекине бдеењето, имаме дојава дека многу автобуси се тргнати за Скопје во организација на ВМРО-ДПМНЕ и нема потреба да се доведуваме до таква ситуација. Секако ќе продолжиме со нашите активности, ќе видиме што ќе се случи на утрешната седница на Уставниот суд, но дотогаш претпоставувам дека бројот на контрадемонстранти пред судот ќе расте“, велат активисти од АЈДЕ.

Повеќето насобрани граѓани по вечерерашниот протест се разотидоа, а пред новата зграда на Македонскиот народен театар останаа граѓанските активисти кои, како што рекоа, ќе бдејат за државата, бидејќи таа немала веќе Устав и оти не сакале да се судрат со полицијата и со нивните сограѓани на спротивната страна.

„Ние кога повикавме на овој протест овде, повикавме и на бдеење за Уставот ама изгледа дека ќе треба да се бдее и за државата зашто држава без Устав не бидува, освен бидувала во времето на нивниот таканаречен барок од 17 век. Ние овој протестен собир го пријавивме навреме, точно назначивме каде ќе се движиме и каде сакаме да стигнеме и зошто сакаме да стигнеме. Оваа држва за жал веќе Устав нема“, рече Владимир Милчин од граѓанската платформа „Ајде“.

Демонстрантите запрени кај Музејот на ВМРО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Илјадниците граѓани кои попладнево маршираа од Владата до Уставниот суд беа сопрени од силно полициско обезбедување зад зградата на Судот.

Пред Судот пак од претпладнето се граѓаните кои велат дека се собрале на повикот од лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски за одбрана на инситуциите.

Неколку стотици граѓани вечерва се насобрани околу зградата кај чии влезови претходно поставија шатори. Тие повремено извикуваа „Македонија, Македонија.“

„Им даваме поддршка на партиите што го поддржуваат Уставниот суд, бидејќи убаво се сеќавам дека овој предлог беше нивни, за аболиција на осудените лица, не беше тоа предлог на владејачката партија.“

„Ние не сме дојдени тука да се тепаме и градов да го делиме и Македонија да ја делиме, ние сме си дојдени на мирен протест во интерес на државата. Како си работеле до сега и од сега ќе си работат тие, тие се поставени од народот“, рекоа граѓани пред Уставниот суд.

Уставниот суд блокиран од „поддржувачи“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Инаку граѓаните кои вечерва маршираа зад транспаретнот „Да го одбраниме Уставот од уставните судии“, извикуваа „народ се буди вас ќе ви се суди“ „нема правда нема мир“.

Тие од пред Владата поминаа пред Канцеларијата на Претседателот, потоа го заобиколија Собранието и преку мостот Гоце Делчев тргнаа кон Уставниот суд, но кај новиот театар беа запрени од силно полициско обезбедување.

Протестот кој е во организација на граѓанската платформа „АЈДЕ“ беше најавен од пред неколку дена, а вчера го поддржа и СДСМ чие раководство присуствуваше на вечерашниот марш. Речиси во истовреме протест пред Уставниот суд за, како што велат, одбрана на државните институции најави и Јакимовски.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG