Достапни линкови

Кампот во Табановце полн со Авганистанци


Бегалци од Авганистана заглавени во Табановце, чекаат да влезат во Србија. Оние од други земји кои вчера влегле во Србија, на Табановце не добиле храна и не можеле да се задржат во кампот. Во Гевгелија од вчера попладне ниту еден бегалец не е влезен во транзитниот центар Винојуг.

Над 700 бегалци, повеќето од Авганистан, во помал број од Сирија и од Ирак, веќе четири вечери се заглавени во транзитниот центар Табановце и со нетрпение ја чекаат одлуката на властите во Србија дали ќе им биде дозволено да го продолжат својот пат кон Австрија и Германија или пак ќе бидат вратени назад во Грција.

Тука ситуацијата е многу лоша, храната не е добра и е иста секој ден. Три дена јадеме ист вид на храна, а имаме бремени жени, деца и болни луѓе. Немаме тоалет и нема каде да се тушираме.
Мигрант од Авганистан.

Нивните дозволи за азил во земјава кои според законот важат 72 веќе се истечени, а активистите кои се на терен се обидуваат да им овозможат сите потреби, особено за храна. Три оброка дневно пети ден добиваат бегалците со тоа што оние 733 бегалци кои вчера ја поминале границата кон Србија не добиле храна и биле приморани веднаш да го напуштат кампот. И покрај напорите на надлежните и на активистите да им ги обезбедат сите услови, бегалците се жалат на храната и на хигиената во кампот.

„Тука ситуацијата е многу лоша, храната не е добра и е иста секој ден. Три дена јадеме ист вид на храна, а имаме бремени жени, деца и болни луѓе. Немаме тоалет и нема каде да се тушираме", вели Хасан од Авганистан.

Раководителот на транзитниот центар на Табановце, Горан Стојановски вели дека се обидуваат на бегалците да им овозможат максимално хуман третман во делот на сместувањето, храната и топлата облека и медицинската помош.

„Неспорно е дека дозволите за азил кои траат 72 часа се истечени. Меѓутоа, многу е подобра можноста на некој начин на овие луѓе кои што се веќе заглавени тука, во директни преговори со земјите од Балканската рута и евентуално на повисоко ниво во Брисел, да се реши да им се исполни желбата да отпатуваат во земјите од ЕУ. Така што се даваат можности и се настојува во текот на овие денови да се реши проблемот со нив.

700 бегалци се уште заглавени на Табановце
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:02 0:00

„Вчера околу 17 часот од Гевгелија тргна последниот воз со бегалци и оттогаш ниту еден бегалец не е влезен во транзитниот центар Винојуг на македонско - грчката граница.

„Бидејќи границата е затворена поради блокирање на преминот на Идомени од страна на бегалците од Авганистан на кои не им е дозволено да поминат и тие не ги пуштаат бегалците од другите држави. Тие вчера се обидоа дури и да влезат преку заштитниот кордон на грчката полиција", вели Кастриот Реџепи од невладината организација Нун култура.

Тој додава дека активистите прават напори да одговорат на ситуацијата со кој се соочени за прв пат.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG