Се уште далеку до мир во Сирија
Петгодишната граѓанска војна во Сирија досега однесе над 250 илјади човечки животи, а неколку милиони луѓе ги натера да ги напуштат нивните домови. УНИЦЕФ предупреди дека најмногу страдаат децата и оти ќе треба многу време за да бидат надминати ужасите од бомбардирањата кои тие ги преживеале.